Иран почна со тестирање на домашната вакцина врз луѓе

Иран почнува со тестирање на домашната вакцина против коронавирусот врз луѓе, во време кога поради американските санкции се соочува со тешкотии да купи доволни количества вакцини од странство.

Иранската вакцина, развиена од компанијата Shifapharmed, ги минала тестовите врз животни, а во првата фаза на тестирањето врз луѓе, што ќе трае еден месец, неа ќе ја примат 56 волонтери.

Минатата недела над 60.000 лица доброволно се пријавиле на повикот на Министерството за здравство да учествуваат во тестирањето на вакцината.

Претставник на Министерството за здравство денеска изјави дека до крајот на февруари уште седум ирански вакцини треба да бидат тестирани врз животни.

– Имаме традиција на производство на вакцини во нашите медицински институти. Ќе докажеме дека нашата домашна вакцина ќе биде подобра од многу направени низ целиот свет, рече министерот за здравство Саид Намаки.

Со речиси 55.000 мртви и 1,2 милиони заразени Иран е најтешко погодената земја на Блискиот исток од пандемијата.

Гувернерот на иранската Централна банка во петокот соопшти дека земјата постигнала договор за плаќање на 16,8 милиони дози вакцини преку Ковакс глобалната иницијатива на Светската здравствена организација (СЗО).

Но, еден ден подоцна, иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека администрацијата на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп продолжува да поставува пречки кон Иран и затоа изрази стравување дека овие пари за вакцините може да ѝ бидат одземени на земјата.

реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе