Ирма го опустоши приватниот остров на Ричард Брансон (Видео)

Милијардерот Ричард Брансон сподели снимка од неговиот имот на приватен остров после ураганот Ирма.

Милијардерот поседува остров кој е дел од Девствените острови на Карибите. Ова подрачје беше најпогодено бидејќи токму во тој период ураганот Ирма се наоѓаше во петата категорија.

Имотот на Брансон е комплетно уништен, а сите работи кои се наоѓале во вилата после ураганот се нашле уништени надвор. Дрвото е целосно искоренето, прозорците уништени, а уништена е и конструкцијата на објектот.

 

 

Сите објекти на Девствените острови се целосно уништени. Медицински екипи започнале да пристигнуваат со хеликоптери и вршат евакуација на повредените лица. 

Брансон истакнал дека најголем дел од телекомуникациските врски се во прекин. Тој и неговиот тим пристигнале на островот со цел да му помогнат на тамошното население.

„Ова е приказна за десетици илјади луѓе кои ги изгубиле своите домови и целиот имот. Изминативе два дена ги поминавме со тим од луѓе кои му помагаа на населението, делејќи и храна и лекови. Од прва рака можевме да видиме колку беше бесна и незаборавна оваа бура“, изјави Брансон.

Брансон на интернет отвори и страница за донации за помош на луѓето од сите острови погодени од ураганот Ирма.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе