„Исцелител“ прогласен за најдобар интернационален филм во Санта Барбара, Калифорнија

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е добитник на награда за најдобар филм на престижниот филмски фестивал во Санта Барбара, Калифорнија во Соединетите Американски Држави.

Филмот се натпреваруваше во интернационалната селекција заедно со уште 11 филма меѓу кои и номинираниот за Златна палма на Кан минатата година, францускиот „Двоен љубовник“, добитникот на специјална награда на венецискиот филмски фестивал, францускиот „Редот на нештата“ и номинираниот за најдобар филм на Карлови Вари, косовскиот „Непожелен“.

„Ви благодарам Санта Барбара за прекрасната награда. Ми претставува огромна чест што името на нашиот филм е таму заедно со наградените актери и познатите филмски автори. Но и покрај сите ваши обиди, сепак не можам да ви го кажам рецептот за исцелителниот колач.“, шеговито изјави режисерот Ѓорче Ставрески по повод доделувањето на наградата.

Фестивалот во Санта Барбара го посетуваат најголемите и најактуелни холивудски, но и светски филмски ѕвезди и автори кои добиваат признанија за својата работа. Оваа година, покрај Сем Роквел, Сирше Ронан, Марго Роби и Алисон Џени, со специјални награди се закитија и Кристофер Нолан, Грета Гервиг, Гиљермо дел Торо, Џордан Пил, Пол Томас Андерсон, и други, а еден од презентерите беше ѕвездата на филмот „Викај ме по твоето име“ – Тимоти Шаламе. Проекцијата во Санта Барбара беше воедно и американска премиера на „Исцелител“. На фестивалот имаше вкупно три проекции сите проследени со огромен интерес од публиката. Во 33 годишното постоење на фестивалот во Санта Барбара, ова е прв македонски филм, добитник на награда.

Филмот од својата премиера до сега, за само три месеци, освои три награди и учествуваше на 7 меѓународни фестивали. „Исцелител“ минатата недела ја имаше својата премиера во Кичево во домот на култура, Кочо Рацин. Филмот веќе единаесета седмица се прикажува во кината во Скопје, а досега имаше и проекции во Битола, Штип и Кочани. Во Македонија досега го погледнаа повеќе од 11,000 гледачи.

Главните улоги во филмот „Исцелител“ ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги: Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на Фрагмент филм од Скопје.

реклама

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе