ИСИЛ се заканува со терористички напади на натпревари од ЛШ, војска на улиците на Мадрид

На денот на одигрувањето на првите четвртфинални натпревари од фудбалската Лига на шампиони пристигнува неверојатна вест, а се работи за заканите на ИСИЛ за терористички напади на стадионите.

На медиумите блиски до ИСИЛ се појавија имињата на сите четири стадиони на кои ќе се игра Лигата на шампионите оваа недела - „Емирејтс“, „Паркот на принцовите“, „Метрополитано“ и „Сантјаго Бернабеу“ со порака: „Убијте ги сите!“.

Последниот настан за кој ИСИЛ ја презеде одговорноста се случи неодамна во Москва кога беа убиени 143 лица, а шпанскиот медиум Onda Cero пишува дека во Мадрид била подигната општа мобилизација на полицијата и војската со цел да се спречи терористички напад.

Според гореспоменатите медиуми, Шпанија моментално е на четвртото од петте нивоа на антитерористичка тревога.

Засега нема индикации дека натпреварите ќе бидат одложени поради безбедносни причини, но се разгледани и тие опции.

Да потсетиме, вечерва на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ се игра натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, а утре на стадионот „Метрополитано“ Атлетико ја пречекува Борусија од Дортмунд.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе