ИСИС порача: Додека крстоносците се тепаат во Украина, време е за акција

Официјални лица на т.н. Исламска Држава објавија соопштение во кое ги повикуваат членовите на организацијата да ги интензивираат нападите ширум светот, особено во Европа, каде во моментов фокусот на официјалните лица на земјите е на војната во Украина.

Во соопштението на портпаролот на организацијата, Абу Омар ал-Муџахир, се вели дека членовите на ИСИС подготвуваат одмазда по смртта на поранешниот нивен водач Абу Ибрахим ал-Курајши.

„Со верба во Бога, најавуваме благословена одмаздничка кампања“, изјави портпаролот на организацијата.

Исто така, се наведува дека одмаздата пред сѐ значи интензивирање на нападите што ќе ги извршуваат членовите на оваа организација.

„Поддржувачите на ИСИС треба да ја искористат можноста кога крстоносците се борат меѓусебно во Украина за да вршат напади во Европа“, рече Ал-Муџахир.

Портпаролот на ИСИС се осврна и на актуелната ситуација во Израел и конфликтите меѓу припадниците на израелската армија и полиција и Палестинците.

„Ерусалим може да се ослободи од Евреите само со враќање на калифатот, а не со палестинското востание или со помош на оние кои имаат вредности кои се менуваат во согласност со интересите на нивните западни господари“, рече претставникот на ИСИС.

На крајот од своето обраќање тој ги повика сите муслимани во арапскиот свет да се спротивстават на лидерите кои имаат добри односи со Израел или сакаат да се помират со нив.

„Современите муслимански политичари кои се обидуваат да го ослободат Ерусалим не се ништо друго туку марионети во рацете на Израел и Западот“, заклучи т.н. Исламска Држава во објавеното соопштение.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе