Истекувањето гас од Северен поток било предизвикано од силни експлозии, тврди Данска

Кајгана / МИА
/ 18.10.2022 / 11:35

Прелиминарната истрага за оштетувањето на двата гасоводи „Северен поток“ во данскиот дел на Балтичко Море покажа дека истекувањето било предизвикано од „силни експлозии“, се вели во соопштението на полицијата во Копенхаген.

Понатамошната истрага за експлозиите од 26 септември во данската ексклузивна економска зона полицијата ќе ја спроведе заедно со Данската служба за безбедност и разузнавање.

„Рано да се зборува за рамката во која ќе се одвива меѓународната соработка со, на пример, Шведска и Германија, бидејќи тоа зависи од неколку актери“, велат од полицијата во Копенхаген.

Гасоводите беа оштетени на крајот на септември, во експлозии на четири места, две во шведските и две во данските територијални води. Се смета дека станува збор за саботажа и отворена е истрага. Инцидентот се случи во време на високи тензии меѓу Европа и Русија поради војната во Украина.

Данските власти претходно овој месец објавија дека гас повеќе не истекува од гасоводот во нивната економска зона.

Русија ги отфрла обвинувањата дека е одговорна за оштетувањето на гасоводот и бара да биде вклучена во истрагата. 

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе