Истрагата за несреќата во Бугарија при крај, се чекаат резултатите од вештачењата

Истрагата за автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во која загинаа 45 лица, е при крај. Се очекуваат само резултатите од вештачењата – судско-медицинска, техничка и пожарно-техничка.

Тие би можело да бидат готови пред Божиќ, (з.а. на 25 декември), изјави денеска за БНТ шефот на бугарската Националната истражна служба Борислав Сарафов.

Според Сарафов, податоците во моментот покажуваат дека брзината на автобусот најверојатно била несоодветна со условите на патот, а ноќта на инцидентот врнело дожд и патот бил влажен.

– Брзината на автобусот била прилично несоодветна со условите на патот. Мислам дека возел над 90 км/ч. Барањата на еден професионален возач на автобус се повисоки отколку за кој било друг возач, рече Сарафов.

Кажа и дека нема причинско-последична врска меѓу несреќата, патната сигнализација и ознаките. Појасни дека можеби придонеле, но возачот морал да биде повнимателен и да вози со соодветна брзина. Сепак, Сарафов посочи дека ознаките на патиштата „очигледно не ги исполнуваат условите“.

Досега истрагата покажува дека автобусот од засега непозната причина скршнал надесно и удрил во заштитната ограда која го дели просторот за одмор од автопатот. Од ударот се дупнал резервоарот за гориво, избувнал пожар и возилото се заглавило меѓу заштитните огради што ги делат двете ленти на автопатот.

Увидот на бугарското Министерство за регионален развој и јавни работи на местото на инцидентот покажа дека тротоарот е во одлична состојба, но ознаката е дотраена, а не е извршена и пролетната наредба за негово реновирање.

Во автобуската несреќа што се случи на 23 ноември загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени.

реклама

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Хроника

Тепачка во Карпош, приведена 18-годишна девојка

Read more

Уапсени тројца скопјани барани со потерница за вкупна затворска казна од 9,5 години

Read more

Полицајци од Прилеп отпуштени поради прикривање пукање со службен пиштол

Read more

Вработени се обиделе да спречат крадци на гробиштата во Бутел, завршиле во болница со повреди од нож и боксирач

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Бензинот поевтинува за 1,5 денар, дизелот за 2,5 денари, рече Мицкоски

Читај повеќе

Европа се празни: Поразителна мапа на фертилитет

Читај повеќе
  • filter

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Читај повеќе

Велигденското примирје во Украина ќе почне наскоро, познати детали

Читај повеќе

Трамп објави „план“ за отворање на Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Санчес повикува на создавање ЕУ војска: Не за 10 години, туку веднаш

Читај повеќе

Ескалира конфликтот Зеленски-Орбан: Какви ќе бидат последиците за Европа?

Читај повеќе

УХМР: Локален дожд претпладне и температури до 16°C

Читај повеќе

Земјотрес од 3,1 според Рихтер регистриран во Делчево и Берово

Читај повеќе