Истражување покажа нови детали за разликите меѓу Марс и Земјата

Марс е најблискиот сосед на Земјата во Сончевиот Систем, но двата карпести света се разликуваат до с’рж, според новата студија заснована на сеизмички податоци од роботскиот лендер InSight на НАСА.

Истражувањето нуди поцелосно разбирање на длабоката внатрешност на Марс и нови детали за разликите помеѓу Земјата, третата планета од Сонцето, и Марс, четвртата.

Разлики помеѓу јадрото на Марс и на Земјата

Истражувањето, базирано на детекцијата на првите сеизмички бранови кои патуваат низ јадрото на планета различна од Земјата, покажа дека најдлабокиот слој на Марс е малку помал и погуст од претходно познатото. Исто така, ја даде најдобрата проценка до сега за составот на јадрото на Марс.

И двете планети имаат јадра направени главно од течно железо. Но, околу 20 отсто од јадрото на Марс се состои од елементи полесни од железото - главно сулфур, но исто така и кислород, јаглерод и малку водород, покажа студијата.

Тоа е околу двапати поголем процент од тие елементи во јадрото на Земјата, што значи дека јадрото на Марс е значително помалку густо од јадрото на нашата планета - иако погусто од проценката од 2021 година заснована на друг тип на податоци од сега веќе пензионираниот InSight.

„Најдлабоките региони на Земјата и Марс имаат различен состав - веројатно резултат на условите и процесите што функционирале кога се формирале планетите и материјалите од кои биле направени“, вели сеизмологот Џесика Ирвинг од Универзитетот во Бристол во Англија, кој ја предводеше студијата објавена оваа недела во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences.

Јадрото може да влијае на погодноста за живот на планетата

Студијата, исто така, ја посочи големината на јадрото на Марс, откривајќи дека е со дијаметар од околу 3.560-3.620 км, што е околу 20-50 км помало од претходно проценетото. Јадрото на Марс сочинува малку помал процент од дијаметарот на планетата од јадрото на Земјата.

Природата на јадрото може да игра улога во одредувањето дали карпеста планета или месечина ќе можат да има живот.

Јадрото, на пример, е клучно во создавањето на магнетното поле на Земјата, кое ја штити планетата од штетното зрачење на сончевите и космичките честички.

„Планетите и месечините слични на Земјата имаат силикатни, карпести надворешни слоеви и метално јадро во кое доминира железо. Еден од најважните начини на кои јадрото може да влијае на способноста за живеење е преку создавање планетарно динамо“, рече Ирвинг.

„Јадрото на Земјата го прави тоа, но јадрото на Марс не, иако тоа го правеше порано, пред милијарди години. Јадрото на Марс веројатно повеќе нема енергично, турбулентно движење што е потребно за да се создаде такво поле“, додаде Ирвинг.

Сеизмички настани на Марс

Марс има дијаметар од околу 6.779 км, во споредба со дијаметарот на Земјата од околу 12.742 км, и е речиси седумпати поголем од Земјата по вкупен волумен.

Однесувањето на сеизмичките бранови кои патуваат низ планета може да открие детали за нејзината внатрешна структура. Новите откритија произлегуваат од два сеизмички настани што се случија на спротивната страна на Марс од местото каде што беше лендерот InSight или неговиот сеизмометар на површината на планетата.

Првиот беше потрес во август 2021 година со центар во близина на кањонот Валес Маринерис на Марс, најголемиот кањон во Сончевиот Систем. Вториот беше удар на метеорит во септември 2021 година, кој остави кратер од околу 130 метри.

Мисијата на InSight беше фантастично успешна

Американската вселенска агенција официјално го „пензионираше“ InSight во декември по четири години работа поради акумулацијата на прашина што го спречуваше полнењето на батериите на соларна енергија.

„Мисијата на InSight беше фантастично успешна во помагањето во дешифрирањето на структурата и условите на внатрешноста на планетата“, рече геофизичарот и ко-автор на студијата од Универзитетот во Мериленд, Ведран Лекиќ.

Распоредувањето на мрежа од сеизмометри на Марс би довело до уште повеќе откритија и би ни помогнало да ја разбереме планетата како систем, што не можеме да го направиме само со гледање на нејзината површина од орбитата.

Тагови
реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе