УЕФА ЕУРО 2020

Италијанците не го поддржуваат Black Lives Matter, но ќе клекнат ако клекнат Белгијците

Италијанската фудбалска федерација излезе со официјално соопштение во пресрет на четвртфиналната пресметка со Белгија чии фудбалери пред секој натпревар клекнуваат на колена како поддршка на движењето Black Lives Matter.

Италијанците не го поддржуваат движето Black Lives Matter и не клекнуваат на колена пред нивните натпревари, но исклучок веројатно ќе направат в петок.

Имено, репрезентативците на Белгија пред почетокот на секој нивен натпревар клекнуваат на колена и на тој начин искажуваат поддршка на движењето Black Lives Matter кое почна со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од полицаец во САД.

„Тимот ќе клекне во знак на солидарност со противникот. Не во чест на движењето, кое ние не го поддржуваме. Австриските играчи не клекнаа па затоа и нашите останаа на нозе. Доколку Белгијците клекнат, нашите ќе го сторат истото во знак на солидарност со нив“, стои во соопштението на ФИГЦ објавено во весникот La Repubblica.

Проблем настана кога Италија играше против Велс во 3. коло од фазата по групи. Велшките играчи сите до еден клекнаа, додека кај „Аѕурите“ тоа го сторија само Андреа Белоти, Матео Песина, Емерсон Палмиери, Рафаел Толои и Федерико Бернардески, додека останатите не го следеа нивниот пример.

Remote video URL

Тоа наиде на критики во италијанската јавност бидејќи некоордираноста на играчите во поглед на тоа прашање направи да изгледаат комично пред почетниот свиреж.

Белгијците клечат на сите натпревари почнувајчи од првиот против Русија. Тогаш руските фудбалери останаа на нозе, а публиката на „Кресовскиј“ стадион во Санкт Петербург со свижери го осуди потегот на Белгија.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе