Италијански специјалитет на денот: Фетучини примавера

Лесен италијански специјалитет што ќе им се допадне на сите - мешавина од тестенини, свеж зеленчук и зачини.

За подготовка на ова јадење ви е потребно:

 

1 пакување тестенини фетучини

1 чешне лук

4 меснати црвени пиперки

500 г шампињони

околу 200 г брокули (или околу 500 г млад спанаќ)

200 мл бело вино

малку од водата во која ги варевте тестенините

маслиново масло

мелен сув зачин, оригано, босилек, сол, црн пипер

пармезан

Подготовка:

– Фетучините сварете ги според упатството на пакувањето.

– Додека се варат тестенините во тава на рингла ставете малку маслиново масло и ставете го сечканото лукче. Пржете го многу кратко додека малку не замириса.

– Потоа додадете ја пиперката исечкана на стапчиња и динстајте ја додека да омекне. Пиперките извадете ги од тавата и оставете ги настрана.

– На истото масло во тавата ставете ги печурките, сечкани на листови. Динстајте ги 5-10 минути, а потоа извадете ги од тавата и ставете ги во садот кај пиперките.

– Потоа во тавата ставете ги брокулите исечени на поголеми парчиња (или, пак, младиот спанаќ) и динстајте само неколку минути. И брокулите извадете ги од тавата и додадете ги во садот кај пиперките.

– Во тавата сипете малку од водата во која се вареа тестенините, 1 лажица путер, бело вино и мелен сув зачин, по вкус. Варете 2-3 минути додека да испари алкохолот.

– Сега во тавата префрлете ги варените тестенини, целиот зеленчук и печурките и убаво измешајте за фетучините да го впијат целиот сос. На крај зачинете по вкус.

– Сервирајте ги посипани со пармезан по желба.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шефот на Вагнер му пиша на Шојгу: Ве предупредувам дека Украина подготвува жесток напад

Read more

Кои хороскопски знаци ги очекува невидена среќа и пари во април?

Read more

Рецепти

Како да направите домашна пица како вистински мајстор?

Read more

Едноставен рецепт за босанска алва

Read more
Пилешко во сос од лук и мед

Рецепт на денот: Пилешко во сос од лук и мед

Read more

Десерт на денот: Чоколадни мафини со кафе

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Што треба да правите на секој тренинг за подобри резултати?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како звучеле јазиците на Викинзите, Ацтеките, Египќаните, Римјаните...?

Читај повеќе

Бонтон vs обичаи: Дали на гости треба да се соблекуваат чевлите?

Читај повеќе

Што да јадете за здрав црн дроб?

Читај повеќе

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Читај повеќе

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци ги очекува невидена среќа и пари во април?

Читај повеќе

Како да направите домашна пица како вистински мајстор?

Читај повеќе

Инфлуенсерски сон: Дизајнерски чизми со Телетабиси чинат 2.500 долари

Читај повеќе