ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Италијанските весници тврдат: Дибала во Интер е готова работа

Трите најреномирани италијански спортски весници во ист ден излегоа со тврдење дека Пауло Дибала и Интер ги договориле условите и дека трансферот е веќе готова работа.

La Gazzetta dello Sport

Весникот со препознатливи розеви страници на својата насловна страница излезе со натпис „Договор со Интер“, „Дибала, прво да“ и „Ла Хоја се согласи, недела дена до потписот“.

Гаѕета тврди дека Аргентинецот по сезона ќе заработува 6 милиони евра плус бонуси.

Воедно, доаѓањето на Дибала не значи откажување на Интер од Ромелу Лукаку. Гаѕета вели дека Интер го понудил холандскиот латерален бек Дензел Думфрис како дел од зделката со која Лукаку би дошол на „Меаца“.

Corriele dello Sport

Вториот по реноме италијански спортски весник во денешниот број наведе слични тврдења. На својата насловна објави натпис „Менаџерите се во седиштето, на маса е 4-годишен договор“ и „Дибала во Интер, прва понуда“.

За разлика од Гаѕета, Кориере вели дека понудениот договор изнесува 5,5 милиони евра по сезона.

И изворите на Кориере велат дека се засилува и притисокот кон Челси за Лукаку.

Tuttosport

Весникот кој важи за близок до Јувентус излезе со наслов „Дибала во Интер е готова работа“ и пишува „Синоќа состанок во менаџерот кој треба да ја даде последната согласност“.

Тутоспорт наведува и дека „при развод секогаш страдаат навивачите“ алудирајќи на тоа дека навивачите не се среќни со изборот на Дибала бидејчи се работи за најголемиот ривал на Јуве.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе