Иван Антоновски е добитник на наградата „Антево слово“

Александра Спасеска
/ 16.03.2021 / 11:58

Годишен лауреат на четвртиот меѓународен конкурс за поезија „Антево слово", распишан од Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“) во соработка со здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“ е Иван Антоновски за неговата песна „Нека биде запишано“.

Жири комисијата на „Антево слово“ 2020/ 2021 година - Сицилија, Италија во состав: Геро Ла Векија, Митко Гогов, Драгана Евтимова, Александар Поповски и Жорж Поповски по разгледување на повеќе од 120 пристигнати дела за првонаградената песна „Нека биде запишано“ во образложението ќе кажат:

„Познато е дека Анте Поповски како есеист многу често се занимаваше со археологијата на зборовите откривајки ги првите поетски објави уште кај нашите монаси во средновековието. Тој се обидуваше да ги одгатне, дооформи и дешифрира празнините во тие први објави на поетското кај нас. Дали намерно или како коинциденција, сеедно, песната со која Иван Антоновски учествуваше на годишниот конкурс Антево слово насловена ‘Нека биде запишано’ се поклопува со таа пасија на Анте, односно со истражувањето на археологијата на зборот. Таквото истражување на епитафите и јазикот на претците кој полека бледнее и му се губи трагата ја симболизира нашата генеза, но истовремено и напуштањето на домашното огниште и исчезнувањето на традиционалните вредности. Песната ‘Нека биде запишано’ на Иван Антоновски сe истакнува по неговиот оригинален пристап на толкување на веќе позната и надалеку обработувана тема: релацијата помеѓу нас и претците но и помеѓу помладите генерации. Колку колективното искуство и знаење во тој генерациски триаголник се пренесуваат од едни на други и каков е односот на единката кон колективот, кон неговата оставнина? Поетот говори за една новоконструирана историја во која се проткајува духот на Анте и се насетуваат неговите јанѕи за македонската судбина.

Празните места во текстовите на надгробните плочи кои лирскиот субјект се обидува да ги прочита, говорат дека тука продрела ентропијата; во комуникацискиот канал помеѓу покојните и живите се појавил комуникацискиот шум кој, лирскиот субјект се обидува да го надвладее и повторно да ги впише исчезнатите зборови и годините, повторно да го воспостави – преку една временска вертикала – прекинатото општење со предците, да го спречи отуѓувањето. На тој начин испишува една современа сага за нашиот народ и алармира за неговата можна судбина. Колективната меморија на македонскиот народ е збогатена со антологиска песна која е своевиден темел на нашата борба за опстанок, овде и во светот.“

Наградени автори на „АНТЕВО СЛОВО“ 2020/ 2021- Сицилија, Италија се:

Прва награда

Иван Антоновски – „Нека биде запишано“

Втора награда

Виолета Танчева – Златева – „Стакло“

Трета награда

Ива Дамјановски – „Остров“

Кристина Камплоне – „Роден сум“ (Италија)

Специјална награда

Билјана Станковска – „Црно око“

Бери Картер – „Соништата на притвореникот“ (САД)

Млад автор

Ведрана Петрова – „Исповед“.     

Наградените автори ќе бидат застапени во новата антологија на Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Култура

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Read more

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе