Иванов-Церар: Македонија и Словенија пријателски земји со трајно партнерство

Скопје, 4 април 2018 (МИА) - Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска го прими претседателот на Владата на Република Словенија Миро Церар, кој престојува во официјална посета на Република Македонија, со кого разговарал за унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји, за политичките актуелности, а биле разменети мислења за предизвиците со кои се соочува регионот на Балканот.

- Претседателот Иванов и премиерот Церар ги потврдија одличните односи меѓу Република Македонија и Република Словенија кои ги карактеризираат трајно пријателство, доверба и цврсто партнерство. Заедничка констатација на двајцата соговорници беше дека во иднина напорите треба да бидат насочени кон интензивирање на економската соработка и трговската размена, преку поблиска соработка на бизнис заедниците и поттикнување на инвестициите од двете држави, соопштија од Кабинетот на Иванов.

Во однос на македонските евроатлантски интеграции, претседателот Иванов изразл благодарност за досегашната континуирана помош и поддршка од Република Словенија и очекување за уште поизразена поддршка, со цел деблокирање на евроатлантската перспектива на Република Македонија.

Ја истакна и важноста на заедничката иницијатива на Република Словенија и на Република Хрватска, процесот Брдо-Бриони, чијшто домаќин овој месец ќе биде Република Македонија, како можност за отворен дијалог по сите прашања важни за земјите од регионот и за јакнење на регионалната соработка.

Претседателот Иванов и премиерот Церар разменија мислења и за предизвиците од илегалната миграција и притоа ја потенцираа неопходноста досегашната успешна соработка меѓу надлежните институции да продолжи и во иднина, со цел поголема регионална стабилност и безбедност.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе