Избегнете ја гужвата: Најдобар период за посета на топ туристички дестинации

Фактот дека најпопуларните туристички дестинации ниту на момент не можат да одморат од туристи, не е никаква новост. Сепак, постои период во годината кога можете да отидете на тие места, а да нема никакви гужви. На пример, во Венеција секогаш има туристи, но сепак постојат термини кога во овој град ќе можете да уживате без туркање по улиците и трговските центри.

Британскиот портал „The Telegraph“ дава препораки околу тоа кога е најдобро време за посета на некои од најдобрите туристички места ширум светот.

Во прилог погледнете ја листата:

Капри - Есен

Во есен жителите на Капри можат заеднички да здивнат, но реално и да заклучат уште една успешна туристичка сезона. Во овој период обично овој остров во еднодневна прошетка го посетуваат туристи сместени во Неапол или Соренто, а на ова место повторно владее мистична атмосфера. Морето е топло и во ноември, а иако островот не е голем, вљубениците во пешачењето нема да останат разочарани.

Венеција - Зима

Во ноември или јануари улиците ширум Венеција често се непрепознатливи. Секако, и понатаму може да се појави по некој турист, но ќе се чувствувате толку слободно, што дури ќе ви се чини дека го слушате звукот на своите чекори. Меѓу другото, во зима цените се значително пониски отколку кога е сезона.

Барселона - Зима

Додека во текот на летото престолнината на Каталонија е преполна со туристи, во зима времето е суво, а улиците речиси празни. Поради тоа, ако не сте љубители на плажи, тогаш најдобро е да ја посетите Барселона во зимските месеци од годината. Исто така, во овој период во градот се поставуваат и бројни изложби.

Дубровник - есен

На лето, како што ни е добро познато, гужвите се неподносливи. На есен има значително помалку гости, а времето е и понатаму убаво и доста топло.

Мачу Пикчу - април или ноември

Ова туристичка атракција е најпосетена во јули и август, односно тоа е периодот кога овде сакаат да дојдат апсолутно сите туристи. Поради тоа изберете некое друго време и посетете го ова место во предсезоната или после крајот на сезоната.

Ибица - рана пролет

Иако овде сезоната почнува уште во мај, а трае се до ноември, Ибица е посебно убава во рана пролет кога целиот остров цвета. Балеарските острови и инаку нудат многу спортски активности, па така на вљубениците во здрав живот овде сигурно нема да им биде здодевно.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе