Избришана е групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Telegram, потврдија за МИА од МВР.
Претходно, премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски побараа од Telegram да ја избрише групата „Јавна соба“, во спротивно ќе се разгледа можноста апликацијата да се блокира или да го ограничи нејзиното користење во земјава.
Во меѓувреме, во врска со случајот„Јавна соба“ приведени се четири лица, две од Битола, едно од Велес и едно од Штип.