Изгаснат пожарот во Градски парк Скопје, повредени нема, проблем се нефункционалните хидранти

Скопје, 26 октомври 2021 (МИА) – Изгаснат е пожарот што ги зафати напуштените бараки каде беше сместен Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје, информираат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски за МИА изјави дека на терен интервенирале со седум возила и 20 пожарникари.

– Пожарот е завршен. Ставен е под контрола и се работи на негово догасување, на тоа што остана, изјави за МИА Симоновски.

Претходно Симоновски, информираше дека нема голема материјална штета, ниту повредени или жртви, но дека сериозен проблем биле нефункционалните хидранти.

– Многупати сме кажале дека хидрантската мрежа не ни е точно обележана и каде имаме доволно за полнење вода, изјави Симоновски.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, во изјава за медиумите од местото на пожарот, рече дека станува збор за монтажни бараки стари преку 50 години, кои брзо гореле и благодарение на брзата реакција на пожарникарите се спречило ширење на пожарот и поголема материјална штета.

– Имаме мал зафат на пожарот на покривот на ресторанот „Томче Софка“. Сега бев и со сопственикот, се е во ред и нема поголема материјална штета, изјави Шилегов.

Прашан за тоа дали можеби изгореле некои документи или се планира изградба на некакви згради, Шилегов рече дека е жално што една политичка партија и во вакви тешки моменти наоѓа простор за политика.

– За мене примарно е да се провери дали имаме жртви и оштетувања. Ова е документација на Основен суд Скопје 1, не е на Град Скопје. Документацијата на Град Скопје е целосно безбедна, дигитализирана, со бек-ап дигитален. Ова не е пиши-бриши варијантата, која постоеше до 2017 година. Овде не е предвидена изградба на згради колку што јас знам. Детален урбанистички план не е донесен, земјиштето е во сопственост на Република Северна Македонија, изјави Шилегов.

Тој најави дека просторот, штом ќе заврши гаснењето на пожарот, ќе биде уреден за спорт, во рамки на Градскиот парк.

Пожарот беше пријавен денеска околу 16 часот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе