Изминатата недела 134 заболени од морбили, најмногу од почетокот на епидемијата

Скопје, 17 мај 2019 (МИА) – Се задржува трендот на регистрирање на голем број на заболени од мали сипаници во државата. Во изминатата недела бројот на новорегистрирани заболени изнесува 134 лица. Во последните десетина недели овој број континуирано се одржува околу 100, но ова е највисоката бројка регистрирана воопшто откако е регистрирана епидемијата.

„Од новозаболените 48 се од Скопје, а останатите 86 се од десет други градови со што вкупниот број на зафатени градови изнесува 22“, информира д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје денеска пред Министерство за здравство.

Вкупниот број на регистрирани од почетокот на епидемијата, како што информира Кузмановска, е во постојан пораст и последната бројка изнесува 1.524. Најголем број регистрирани се возрасни лица над 30 годишна возраст. Речиси половина од сите регистрирани се возрасни лица.

„Што се однесува до вакциналниот статус од сите заболени на неделно ниво 70 проценти се невакцинирани, со непознат статус или непотполно вакцинирани“, вели Кузмановска.

Додаде дека очекуваат и во наредниот период бројот на заболени да се одржува и не очекуваат брзо намалување и привршување на епидемијата.

Кузмановска информира дека со тешки компликации, во смисла на бронхопнеумонија, дијареа и други потешки инфекции се околу 16 проценти од сите заболени, но бројката во однос на хоспитализираните е нешто повисока и се движи повеќе од 40 проценти.

Вкупно вакцинирани деца до 14 годишна возраст од почетокот на кампањата досега се 25.808.

реклама

Украдени околу еден милион евра од приватна куќа во Скопје

Read more

Еден убиен, тројца повредени во пресметка во скопско Батинци

Read more

5 јули 1946 светот првпат се запознал со бикини

Read more

Гурмански рецепти со јајца кои мора да ги пробате

Read more

Македонија

Нови 115 случаи на COVID-19, најмногу во Скопје

Read more

Зибери: 20.000 евра грантови за секој млад фармер до 35-годишна возраст

Read more

Помалку часови, помали паралелки – ГДУ предлага образование по германски модел

Read more

Д-р Деари е првиот лекар кој почина од компликации на COVID-19 во земјава

Read more

Вести

Од утре забранет влез во Грција за српски државјани

Читај повеќе

Нови 115 случаи на COVID-19, најмногу во Скопје

Читај повеќе

Украдени околу еден милион евра од приватна куќа во Скопје

Читај повеќе

Корона-кризата не ги исплаши Хрватите – излезноста на изборите речиси како во 2016 година

Читај повеќе

Кање Вест ќе се кандидира за претседател на САД

Читај повеќе

Зибери: 20.000 евра грантови за секој млад фармер до 35-годишна возраст

Читај повеќе

Србија на штрек: Вчера 325 нови случаи, денеска се очекува подобрување

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најмалку 20 загинати во поплави и лизгање на земјиштето во Јапонија

Читај повеќе

Помалку часови, помали паралелки – ГДУ предлага образование по германски модел

Читај повеќе