Министерството за внатрешни работи извести за статистиката во текот на изминатото деноноќие.
Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека:
По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 31 лице не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 25 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 81 лице им се издадени решенија за изолација, а 113 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.
Во државен карантин се спроведени 22 лица, напиша министерот Наќе Чулев на неговиот Facebook профил.