Израел изврши еден од најсмртоносните напади од почетокот на војната

Макфакс
/ 25.12.2023 / 10:02

Во воздушните напади на Израел загинаа најмалку 78 лица во Газа, соопштија палестинските здравствени власти, во една од најсмртоносните ноќи во опколената енклава за време на 11-неделната војна на Израел со Хамас.

Нападите започнаа во часовите пред полноќ и продолжија во текот на утрото. Жителите и палестинските медиуми соопштија дека Израел го засилил воздушното и копненото гранатирање на Ал Буреиџ во центарот на Газа.

Папата Франсиск рече дека пораката на Исус за мир била задушена од „залудна логика на војната“ во земјата каде што е роден.

Најмалку 70 лица загинаа во израелски воздушен напад врз Магази во центарот на Газа, изјави портпаролот на Министерството за здравство Ашраф Ал-Кидра, додавајќи дека многумина се жени и деца. Израелската војска соопшти дека го разгледува извештајот за инцидентот во Магази и дека е посветена на минимизирање на штетата на цивилите.

Хамас ги негира обвинувањата на Израел дека дејствува во густо населените области или користи цивили како жив штит.

Палестинската Црвена полумесечина објави снимка на ранети жители кои се транспортираат во болници. Израелски воени авиони ги бомбардираа главните патишта, попречувајќи го минувањето на возилата за итни случаи. Лекарите соопштија дека осум Палестинци биле убиени во израелски воздушен напад врз Кан Јунис во јужниот дел на Газа.

Свештениците ги откажаа прославите во Витлеем, палестинскиот град на Западниот Брег, каде што христијанската традиција вели дека Исус е роден пред 2.000 години. Палестинските христијани наместо вообичаените прослави, одржаа божикно бдеење со свеќи во Витлеем со песни и молитви за мир во Газа.

Немаше големо дрво, вообичаеното централно место на божикните прослави во Витлеем. Помеѓу урнатините и бодликавата жица беа поставени фигури на Христовото раѓање во црквите во знак на солидарност со жителите на Газа.

реклама

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе