Ја достави пицата, ама и си замези по пат
Доставувач на пица фатен на камера во лифт како ја отвора пицата и јаде од топинзите пред да ја достави.
Снимката ни доаѓа од градот Сари во Британска Колумбија, Канада, близу канадско-американската граница. Безбедносна камера од лифт во зграда фатил на дело доставувач од Domino's Pizza како среде лифт ја отвора пицата, каснува неколку пати од топинзите и потоа ја враќа во кутијата, спремна за достава.
Откако снимката се појавила на интернет, гладниот досатвувач веднаш добил отказ.