Ја полни батеријата за 19 минути: Xiaomi претстави супербрз полнач
Кинеската компанија Xiaomi претстави нов брз полнач за мобилен телефон. Станува збор за нов безжичен полнач од 80W за кој тврдат дека е најдобар на светскиот пазар, пренесе Verge.
Батеријата со капацитет од 4.000 mAh се полни до 50% за осум минути, а 100% за 19 минути. во текот на тестирањето е користен модифициран Mi 10 Pro. Xiaomi Mi 10 доаѓа со полнач од 50W, батеријата ја полни за приближно 40 минути.
Не е познато кога полначот ќе биде во продажба.