Пред неколку месеци Израел го претстави борбениот систем Jaguar, дизајниран да ги замени војниците на граница.
Ова роботизирано оружје е биде ангажирано на линијата со Газа, а опремено е со бројни сензори, камери со висока резолуција и друга софистицирана опрема.
Главното оружје е убиствен митралез од 7,62 милиметри, пренесе Israel Defense. Jaguar е развиен од Israel Aerospace Industries, а способен е самостојно да функционира на терен, избегнувајќи пречки со помош на сензорите.
Ако има потреба, со возилото може да се управува и од далечина.
„Ова е извонредна технологија бидејќи го намалува ризикот по животот на војникот. Jaguar е способен сам да ја наполни батеријата, како iRobot“, вели полковникот Нејтан Куперстајн.
Воениот систем доаѓа и со опција за самоуништување во случај ако падне во непријателски раце.