Јанева подготвена пред пратениците, имала поддршка од Груевски

Комисијата за политички систем во собранието почна со разгледувањето на шестмесечниот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство и на годишниот извештај на Јавниот обвинител за 2015 година, кои се на дневен ред на иста седница, но Катица Јанева не доби шанса да одговара на прашања, затоа што не беше утврден редоследот на поставување прашања.

Специјалната обвинителка Јанева од говорницата рече дека по 13 години како обвинител, чест и е што првпат денеска во историјата на Република Македонија, таа претставува обвинителство пред Собранието.

„Не сум видела досега од оваа говорница да се обрати јавен обвинител. Ќе бидам кратка во образложувањето на мојот извештај за да ви оставам повеќе време за ваши прашања“, им рече Јанева на членовите на Комисијата за политички систем, кои бурно реагираа на најавата за кусо образложување на извештајот.

„Не се плашам од тоа да ви дадам одговор на вашите прашања, најмногу поради тоа што ја имам поддршката од поранешниот премиер Никола Груевски“, додаде Јанева.

Специјалната јавна обвинителка Јанева, пред собраниската Комисија за политички систем соопшти три барања кои според неа ќе ја олеснат работата на Обвинителството. 

Јанева побара измена на Законот за Специјалното јавно обвинителство односно на член 22 и да се пролонгира рокот од 18 месеци за да може до крај да се истражи кој незаконски прислушувал. Јанева повторно го повика собранието да ги донесе измените на Законот за заштита на сведоците за да може да ги истражи случаите, почнатите истраги и предистраги и дејствијата поврзани со нелегалното прислушување, за да се дојде, како што рече, до вистината кој прислушувал, во кој период и за какви цели.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО­ДПМНЕ, Илија Димовски, во реплика постави низа прашања до Јанева, но таа не одговори на ниту едно бидејќи пратениците не беа договорени за редоследот на обраќања. Кога Јанева доби можност за одговор рече дека ќе се произнесе на крајот од седницата.

Координаторите на парламентарните групи, во меѓувреме, до претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев доставија предлог за редослед на обраќања на пратениците. Седницата е прекината на барање на Рафиз Алити од ДУИ.

На седницата присутен беше и државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, кој пак ќе го презентира Годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.

Собраниската седница, пак, на која ќе бидат разгледувани извештаите на обвинителствата, претседателот на Собранието ја закажа за понеделник, 26 септември.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе