Јанис Антетокунмпо е омилениот стјуард на Aegean Airlines
Грчката авиокомпанија Aegean објави видео материјал со упатства за сигурноста на патниците и евакуација, во која се најде моментално најпознатиот Грк во светот – НБА суперѕвездата Јанис Антетокунмпо.
Популарниот грчки кошаркар ќе ви покаже како да го активирате појасот за спасување, како да ја носите маската за кислород (во друштво на неколку баби и дедовци), а ќе сподели и неколку корисни совети кои треба да ги знаете ако летате со авион.
Да бидеме искрени, ретко кој ја слуша стујардесата кога ги кажува овие работи. Можеби Јанис ќе ве натера да го слушате.