Компанија за погребални услуги од Јапонија го претстави својот најнов изум. Се работи за тросед кој на уморниот гостин му нуди услуга моментално да се најде во темниот мир.
Троседот наречен SOCAN на прв поглед е обичен тросед, но лесно се трансформира во ковчег.
„Продолжување да произведуваме различни јапонски погребални производи, но сега се фокусиравме на производ кој е полн со оригиналност и идеи кои никаде на друго место не се наоѓаат“, вели Нишикава Макото, извршен директор во погребалната компанија Sanwa Bussan.
Тој вели дека троседот SOCAN е одличен за оние на кои им е потребна пауза во сред работниот ден, бидејќи троседот може да создаде целосен мрак.
„Можеби е навистина пријатно да се може да се одмора во ковчег. Најпрво бевме возбудени од идејата да го имаме во нашата канцеларија, а потоа и останатите вработени почнаа да одат на дремка во ковчегот кога се чувствуваа поспани“, додава Макото.
Луѓето кои го пробале троседот-ковчег велат дека се чувствувале како да медитираат и дека им се подобрила концентрацијата.
„Троседот кој сега го гледате е прототип. Претпоставувам дека, според тоа како стојат работите во моментов, ќе се продава за околу 200 до 300 илјади јени“, вели тој. Тоа во евра е некаде од 1.600 до 2.400.