Јапонскиот милијардер се откажа од потрагата по партнерка за патувањето околу Месечината

Јапонскиот милијардер кој бараше „животна партнерка“ која би го придружувала на првото приватно патување околу Месечината на компанијата SpaceX, се откажа од ваквиот план.

Модниот могул Јусаку Маезава ги покани сите жени кои немаат партнер, а се на возраст над 20 години, да се пријават за „позицијата“. Повеќе од 28.000 девојки и жени се пријавија, но денеска Маезава рече дека има „измешани чувства“ во врска со тоа и ја повлече поканата.

Тој не се откажува од патувањето закажано за 2023 година, ќе оди сам.

Во почетокот на јануари годинава, 44-годишниот милијардер објави онлајн понуда за негова партнерка, со неколку критериуми, меѓу кои најниска возраст од 20 години и желба за патување во вселената.

Беше планирано целата потрага да биде снимена во документарец што ќе беше насловен „Full Moon Lovers“.

Меѓутоа, Маезава денеска преку Twitter соопшти дека ја прекинува потрагата по придружничка.

„Еден дел од мене уште има измешани чувства во врска со моето учество во ова. Самата помисла дека 27.722 жени со најискрени намери и голема храброст издвоиле време да се пријават, ми предизвикува огромно каење и затоа ве информирам дека донесов ваква себична одлука.“

 

 

Маезава неодамна ја прекина врската со 27-годишната актерка Ајаме Горики.

Во 2018 година беше соопштено дека Маезава ќе биде првиот приватен патник на летот околу Месечината во организација на SpaceX, компанијата на Елон Маск.

Не е познато која цена ќе ја плати милијардерот за ова уникатно патување кое ќе биде прво патување до Месечината со човечки екипаж од 1972 година.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе