Јарц: Надминувањето на спорот помеѓу Скопје и Софија е многу важно за словенечкото претседателство

Словенечкиот амбасадор во ЕУ, Изток Јарц, за МИА изјави дека проширувањето и пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија се од голема важност за словенечкото претседателство со ЕУ, кое започнува на први јули, јави дописничката на МИА од Брисел.

Амбасадорот Јарц денеска одржа дискусија со новинари, експерти и дипломати во Европскиот центар за политика во Брисел.

Тој истакна дека Словенија за време на своето претседавање со ЕУ ќе продолжи да работи на процесот на проширување во ЕУ согласно новата методологија за преговори и се надева дека тоа ќе помогне да се засили ЕУ перспективата за земјите од Западен Балкан.

Јарц додаде дека е можно идната недела веќе да се разговара за односите помеѓу Бугарија и Северна Македонија на амбасадорско ниво (КОРЕПЕР), во пресрет на Советот за општи работи на 22 јуни на кој треба да се донесе одлука за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија.

– За Словенија е важно да се промовира интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ и се разбира да се надмине застојот помеѓу Бугарија и Северна Македонија, ние сме многу благодарни за дипломатската работа на Португалија во овој поглед, и колку што знам темата треба да се дискутира идната недела на КОРЕПЕР, изјави амбасадорот на Словенија во ЕУ.

Тој додаде дека за време на словенечкото претседателство одржувањето на меѓувладината конференција со Северна Македонија и Албанија ќе остане високо на листата на приоритети штом се надмине спорот.

– Се надеваме дека меѓувладините конференции ќе се одржат што е можно поскоро, додаде Јарц.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе