„Јавна соба“ затворена, се трага по креаторите

Групата „Јавна соба“ во која над 6.500 членови споделуваа фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки, синоќа е избришана на социјалната мрежа Тelegram. Во меѓувреме, продолжува истрагата за креаторите на групата, а веќе се приведени четири лица, од кои две од Битола, едно од Велес и едно од Штип. Надлежните апелираат на внимателност бидејќи на Тelegram има и друга слична група за која исто така се постапува.

Премиерот Зоран Заев и минитсерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го поздравија чекорот на платформата Тelegram и порачаа дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети. Заев и Спасовски, претходно, се заканија дека е можно блокирање на Тelegram во земјава ако платформата и натаму остане глува на барањата на полицијата и обвинителството за бришење на „Јавна соба“.

– Тelegram или ќе ја затвори групата, или земјата ќе ја блокира оваа социјална мрежа, најави вчера премиерот Зоран Заев. Истакна дека до социјалната мрежа Тelegram се испратени категорични барања да ја избрише групата „Јавна соба“. Ако не го сторат тоа, Заев најави дека е можно да се блокира апликацијата.

– Нам како Влада ни на крај памет не ни паѓа да цензурираме комуникација, но ова е нешто друго и мораме да си ги заштитиме своите граѓани. Денес ова се случува на Тelegram, а утре можеби на некоја друга платформа, затоа ние имаме задача и обврска да направиме сѐ да обезбедиме соодветна реакција и од оние кои ги создале овие платформи каде се случуваат вакви кривични дела, истакна премиерот.

Тој изрази надеж дека нема да има потреба од рестрикции за Тelegram и дека веднаш ќе одговорат на нивните бројни барања и ќе почнат да соработуваат. Заев упати охрабрувачка порака за жртвите на тоа насилство, нагласувајќи дека ги преземаат сите неопходни чекори да ги заштитат и да се казнат сторителите.

И Спасовски предупреди дека е можно е банирање на целата платформа Тelegram што работи на територијата на нашата држава затоа што, како што рече, постојано се креираат вакви групи.

– Креирањето на ваквите групи секако се од лица кои имаат сериозни намери да нарушат лична безбедност или лични податоци на одредени лица. Јас очекувам сите одговорни да бидат изведени пред лицето на правдата, и тоа да претставува обесхрабрување за секој што ќе се дрзне во иднина на ваков начин или на која било платформа, социјална мрежа, да злоупотребува лични податоци, рече Спасовски.

Тој потенцира дека работат заедно со Обвинителството се со цел да се обезбедат и дополнителни докази коишто во постапката. Спасовски ги повика сите жртви на „Јавна соба“ да пријават во полиција.

Покрај досега приведените четири лица, се трага и по други креатори и членови на групата.

– Секако дека трагаме и по други, имаме идентификувано уште лица кои во наредниот период ќе бидат приведени. Интензивно работиме во соработка со ЈО. Имавме експресна, брза реакција во делот на пронаоѓањето на овие сторители, и сметам дека на овој начин можеме ефикасно да ставиме крај на вакви злоупотреби на одредени социјални мрежи, рече Спасовски.

За „Јавна соба“ се огласи и шефот на државата Стево Пендаровски, кој во изјава за МИА рече дека насилството врз жените и девојчињата, во секоја форма – психичко, физичко, сексуално, е казниво со закон и побара од надлежните институции соодветно да го истражат случајот, а престапниците да бидат гонети и казнети согласно законските прописи.

Според Пендаровски,  правото на приватност е загарантирано со највисокиот правен акт – Уставот на Република Северна Македонија.

– Деновиве сме згрозени што повторно сме сведоци на случајот „Јавна соба“, случај во кој фрапантно се крши приватноста на илјадници жени и девојчиња, понижување, сексизам и насилство кои оставаат трајни последици на нивните животи. Одговорност мора да има во најкус можен рок, вели Пендаровски.

Тој посочува дека доколку не се дејствува сега, се создава можност за креирање на култура на неказнивост за кривични дела со кои се уништуваат животите на илјадници жртви. – Како општество, секој од нас треба да покаже солидарност и поддршка на жртвите, да не дозволиме двојна виктимизација. Да дејствуваме веднаш!“, вели Пендаровки за МИА, коментирајќи го случајот со „Јавна соба“.

Министерот за правда Бојан Маричиќ, упати порака до жртвите на ваквите злоупотреби да се охрабрат и да ги пријавуваат случаите, да се подигне јавната свест за овој проблем, и најави дека „Јавна соба“ ќе биде катализатор за побрзо спроведување на потребните законски измени за спречување на вакви појави.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвинија дека власта не е способна да се справи со случајот „Јавна соба“ и да ги заштити граѓаните, а најмалку малолетни лица да не бидат жртви на вакви злоупотреби.

– Додека секојдневно се јавуваат жртви на овој случај, Заев и Спасовски не нудат никаква нивна заштита. Спасовски јавно потенцира дека не е способен да се справи со овој случај, а пак наспроти него Заев најавува дека ќе ја забрани апликацијата Telegram. За разлика од Спасовски минатата година исто во јануари кога се појави случај со „Јавна соба“ за само еден ден беше расчистен бидејќи со МВР раководеше министерот Наќе Чулев и целото министерство го стави во функција на заштита на жртвите и затварање на групата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот „Јавна соба“ повторно се актуелизира деновиве откако беше обелоденето дека на социјалната мрежа Тelegram членови на групата споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки од земјава.

Првата ваква група на социјалните мрежи беше откриена пред една година, кога беа регистрирани околу 7.000 корисници кои си разменувале експлицитни фотографии од девојки, од кои некои и малолетни.

Полицијата тогаш соопшти дека групата „Јавна соба“ по преземените мерки е згасната. 

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Хроника

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Read more

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Read more

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Read more

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе