Јенсен го налути Киев со предлогот да ѝ отстапи територии на Русија во замена за членство во НАТО

Шефот на кабинетот на Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, го налути официјален Киев поради изјавите дека Украина би можела да стане членка на НАТО под услов да отстапи дел од својата територија на Русија.

Стиан Јенсен, кој од 2017 година ја носеше титулата директор на приватната канцеларија на генералниот секретар на НАТО, наводно го изнел тој предлог на неодамнешниот панел во норвешкиот град Арендал.

Украинската територија беше една од движечките сили во војната што рускиот претседател Владимир Путин ја започна против Украина во февруари 2022 година. За време на инвазијата, руските сили зазедоа повеќе населби низ целата земја, иако Украина оттогаш ослободи некои области за време на контраофанзивата.

Меѓутоа, Путин во септември нелегитимно анектираше четири украински територии кон Русија. Украинскиот претседател Володимир Зеленскиј побара да се вратат тие територии, како и полуостровот Крим, кој влезе во составот на Русија согласно референдумот од 2014 година на кој огромното мнозинство жители се изјаснија дека сакаат од Украина да преминат во Русија.

Норвешкиот весник Verdens Gang (VG) во вторникот објави дека Јенсен, додека разговарал за амбициите на Украина да се приклучи на НАТО на панелот во Арендал, рекол дека мисли дека решението може да биде Украина да отстапи територија и за возврат да добие членство во НАТО.

Според коментарот на тој медиум, се чини дека Јенсен нагласил дека „мора да се остави на Украина да одлучи кога и под кои услови сака да преговара“. Кога новионарот на VG го прашал советникот на НАТО дали ставот на алијансата е дека Украина мора да се откаже од територии за да стане членка, Јенсен икстакнал дека други разговарале за плановите за Украина по војната.

И покрај тоа што Јенсен посочи дека неговиот предлог содржи нијанси, украинските власти веќе ја критикуваа неговата изјава.

Михаил Подољак, главен советник на Зеленскиј и шеф на кабинетот на претседателот на Украина, го осуди предлогот на Јенсен.

„Тргување територија за чадорот на НАТО? Тоа е смешно. Тоа значи намерно да се избере поразот на демократијата, да се охрабри глобален криминалец, да се зачува рускиот режим, да се уништи меѓународното право и да се пренесе војната на другите генерации“, напиша Подољак и додаде:

„Убијците не треба да се охрабруваат со ужасни попуштања“.

Официјалниот претставник на НАТО тогаш ги забележа тензиите создадени од изјавите на Јенсен, потврдувајќи ја „јасната и непоколеблива“ поддршка на блокот за Украина.

„Целосно го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како што потврдија лидерите на НАТО на самитот во Вилнус во јули“, изјави претставник на НАТО, како што пренесува украинскиот весник Європейська правда.

„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина сѐ додека е потребно. Посветени сме на постигнување праведен и траен мир“.

Столтенберг не ја коментираше изјавата на Јенсен за медиумите, но тој беше гласен поддржувач на Украина и постојано изјави дека верува оти земјата на крајот ќе влезе во НАТО.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Свет

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Read more

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Read more

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе