Кошаркарите на Денвер Нагетс ноќеска на свој терен го победија Феникс Санс со 118:102 и со тоа поведоа со 3-2 во четвртфиналето од плеј-оф серијата, а уште еднаш фантастичен беше српскиот центар Никола Јокиќ.

По претходниот натпревар на кој постигна 53 поени, сега постигна 29 со 13 скока и 12 асистенции и со фантастичен трипл-дабл му донесе победа на својот тим.
Јокиќ беше на една асистенција до трипл-дабл на крајот од третата четвртина, а со оглед на тоа што Санс во тој момент беа многу далеку од Нагетс, најдобриот центар во лигата дури и не одигра многу до крајот на натпреварот.
Одличен беше и Брус Браунс со 25 поени и 5 скока, Џамал Мареј додаде 19 поени, 6 асистенции и 5 скока, а Мајкл Портер Џуниор. постигна 19 поени со 8 скока.
Кај Санс, Девин Букер постигна 28 поени, 6 скока и 4 асистенции, Кевин Дурент имаше 26 поени и 11 скока, но без повредениот Крис Пол беше невозможно да се победи.
Сега серијата се сели во Феникс за шестиот натпревар в петок во 4 часот утрината (ноќта четврток кон поеток).
Денвер таму ќе може да ги закаже дуелите од финалето на Западот, додека Феникс ќе мора да победи за да остане во игра бидејќи сега резултатот е 3-2 за тимот од Колорадо.
Во другиот натпревар игран нешто порано ноќеска Бостон Селтикс со 103:115 загуби дома од Филаделфија 76ерс, по што сега со оваа победа тимот од Пенсилванија води со 3-2 во партии.
Домашниот играч Џејсон Тејтум со дабл-дабл учинок од 36 поени и 10 скокови беше најдобар на паркетот, но Фили ги имаше расположените Жоел Ембиид и Тајрис Макси кои постигнаа по 33 односно 30 поени, додавајќи и по 7 скока и по 3 асистенции.