Јовановски: Во Меѓународен сојуз беа потпишувани договори и од други лица, не само од Ременски

Во Меѓународен сојуз беа потпишувани договори и од други лица кои беа дел од него, а не само од Фросина Ременски, изјави во воведни зборови Бојан Јовановски, на денешното рочиште за случајот Меѓународен сојуз.

Јовановски, кој е првообвинет во случајот, нагласи дека ќе докаже оти не се работи за никаква измама и побара целосно да му биде вештачен телефонот, бидејќи, како што рече, во него има и други фотографии и обвини оти нив не ги штити пресумпцијата на невиност.

Кажа дека во овој случај се работи за интерес на бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзовски, и оти не постои ни „и” од измама.

Јовановски нагласи дека идеен творец на проектот била пензионерката Лилјана Тодоровска и таа ги примила средствата од бизнисменот Силјан Мицевски.

Во случајот „Меѓународен сојуз“, заедно со Бојан Јовановски-Боки 13, обвинети се и Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.

Според обвинението, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра. 

Обвинетата Фросина Ременски по судењето во изјава за медиумите рече дека самата поддршка на идеја за општествено добар проект од страна на избрано лице не е кривично дело и затоа, како што кажа, Обвинителството ниту има, ниту ќе понуди докази.

– Се доведува во прашање постоење на кривично дело, но ние секако ќе ги истакнеме сите докази што одат во прилог на нашата теза, на одбраната, а тоа е дека самата поддршка на идеја за општествено добар проект од страна на избрано лице не е кривично дело и затоа Обвинителството ниту има, ниту ќе понуди докази, рече Ременски.

Од друга страна, пак, додава таа, во понудените сведоци и докази и од нивна и од страна на останатите обвинети во предметот ќе може да се видат реални дејствија од страна на овластени лица кои имале сериозно пристапување по реализација на овој проект.

– Тоа е прашање од клучно значење за нас имајќи во предвид дека и самата квалификација што ЈО ја дало на дел од сведоците зборува за непризнавање на вистинските елементи на кривичното дело помагање наспроти немањето на опис на помагањето коешто мене ми се става на товар. Она што за мене професионало е предизвик во овој случај е секако најважната фаза во кривичната постапка, а тоа е криминалистичката методика и стандардните оперативни процедури во истражување и докажување на кривично дело измама. Ова го кажувам најодговорно, нагласи Ременски.

Адвокатот на обвинетата Јасна Ерцеговиќ, Стефан Павлески во воведниот збор, рече дека таа не учествувала во составување на договорите за кои ја терети ОЈО.

– Јасна не присуствувала на средба во која Ардијан Амзоски предал 350.000 евра во нејзино присуство. Ќе го докажеме тоа преку исказот на сведокот. Јасна Ерцеговиќ се што работела во „Меѓународен сојуз“ работела заради својата верба во проектот, за реализација на тој проект, не од криминални побуди, туку затоа што е активист за заштита на лицата со посебни потреби. Од доказите може да се констатира дека Јасна Ерцеговиќ не знаела дека Бојан Јовановски, според ОЈО, спровел измама кон фирмата „Дрим билдинг”, рече Павлески.

Јасна Ерцеговиќ рече дека од денешна гледна точка и изминати 300 дена во домашен притвор не ѝ е јасно која е нејзината активност за извршување на наводната измама. Досега, како што вели таа, не сторила измама, ниту ќе стори.

Првообвинетиот Јовановски, во воведните зборови, рече дека неговиот договор со Г.П. „Пелистер“ бил преку посредници и оти тие ќе се дознаат преку кривичните пријави. Тој рече дека Мила Царовска ја донела Лилјана Тодоровска која е автор на проектот.

– Имав и прием и поддршка од Зоран Заев, за тој прием се водеше и записник, а постои и фотодокументација дека ќе се потпише меморандум за соработка со сите министерства. Поддршка сум имал и од Оливер Спасовски, рече Јовановски. 

Царовска остро ја демантираше изјавата на Јовановски. 

„Најостро ги демантирам сите дрски лаги и конструкции изнесени во јавност од страна на Бојан Јовановски за поврзаност со проект на ГП Пелистер и за било каква соработка со Меѓународниот сојуз и најавувам дека против него ќе поднесам тужба за клевета. Истовремено ја информирам јавноста дека со госпоѓата што ја споменува Јовановски во неговата изјава ниту некогаш сум соработувала, ниту лично ја познавам. Изјавата на Јовановски е целосна невистина и е директен напад на мојот углед и достоинство за што ќе ги преземам сите правни мерки“, напиша таа на нејзиниот Facebook профил.

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ продолжува на 26 август.

реклама

Македонија

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе