ЈП Градски паркинг донесе одлука за намалување на цената на паркирање во Скопје

На иницијатива на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а согласно Статутот на јавното претпријатие, вчера на седница на Управниот одбор на ЈП Градски паркинг е донесена одлука со која е предвидено намалување на цените на услугите за паркирање на јавните површини во зоните на паркирање во градот Скопје, истакна денеска на прес-конференција директорот на претпријатието Бојан Христовски.

Тој посочи дека согласно одлуката за измена на ценовникот на услуги на Јавното претпријатие Градски паркинг, намалувањето се однесува на час паркирање во следните зони: Зона А0 паркирањето од 100 денари се намалува на 75 денари, во зона А од 50 денари се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 денари износот за паркирањето се намалува на 30 денари и во зона Ц и Д цената за 1 час паркирање од 30 денари се намалува на 25 денари.

Ваквата одлука за поевтинување на паркирањето во Скопје влегува во сила по добивање согласност од Советот на Град Скопје, а истата ќе се применува од 1 март.

Христовски потенцираше дека со усвојување на оваа одлука, а сред економска криза, кога цените растат, Јавното претпријатие Градски паркинг им излезе во пресрет на барањата на граѓаните за поевтин паркинг во градот и го реализира она кое е ветено пред скопјани.

– Нашата цел како Јавно претпријатие е со своите одлуки секогаш првенствено да бидеме транспарентни во своето работење, да бидеме во служба на граѓаните и да ги реализираме правовремено барањата на граѓаните во градот Скопје. Реализацијата на ова ветување е показател дека тоа што се ветува, треба и се исполнува. Имено, продолжуваме и понатаму активно да работиме во насока на реализација на програмските проекти кои се во интерес на граѓаните, а се во план да се реализираат во наредниот период. Тука би ги истакнал новите катни и монтажни паркиралишта во Чаир, Аеродром, Центар и Кисела Вода, со што ќе овозможи паркирањето во Скопје не само да биде поевтино, туку да биде и подостапно за граѓаните, додаде Христовски.

реклама

Македонија

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе