КОПА ИТАЛИЈА 2019/20

Јуве и Милан вечерва го рестартираат калчото

Со реванш полуфиналниот дуел од италијаскиот куп помеѓу Јувентус и Милан официјално ќе биде означено продолжувањето на фудбалот на Чизмата.

Вечерва од 21:00 часот на „Алијанц“ стадионот во Торино екипата на Јувентус го пречекува Милан. Натпреварот ќе го означи долго очекуваното продолжување на фудбалската сезона во Италија после прекинот од почетокот на март поради пандемијата со коронавирусот.

Првиот натпревар во Милано заврши без победник, 1:1, па сега на Милан му треба гол на гости и барем да остане непоразен. Голем хендикеп за тимот на Стефано Пиоли ќе претставува отсуството на најдобриот поединец Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот истегна мускул и дефинитивно не е во комбинација. Вон стројот е и дефанзивецот Матео Музакио. Додатен проблем за „Росонерите“ се и суспензиите на крилото Саму Кастиљехо и левиот бек Тео Ернандес. Кај „Старата Дама“ ќе недостасуваат единствено Гонсало Игуаин и Мерих Демирал.

„Имаме наша цел оваа сезона, а тоа е Милан да се врати во Европа. Постојат два начина: преку купот или преку лигата. Календарот ни вели дека првата шанса е Копа Италија. На играчите секогаш им велам дека не се важни имињата испишани на грбот од дресот, туку амблемот кој стои на градите. Со најголема страст и пасија се враќаме на терен и ќе дадеме сѐ од себе“, вели Пиоли.

„Сезонава Милан постојано ни создаваше проблеми, па така резултатот од првиот натпревар не ни гарантира ништо. Ќе биде отворен натпревар. Ние сме во игра во три натпреварувања, кои ќе бидат играни одделно, а тоа може да биде предност за подобра концентрација“, рече Маурицио Сари.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more
 

Спорт

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе