Каде да не се патува во 2024: Туристички замки во 5 европски градови

Патувањето во овие 5 европски градови во 2024 година може да биде проблематично - скапо и преполно со гужва. Но, постои начин како без мака да ги посетите проблематичните Амстердам, Атина, Барселона, Венеција и Париз.

Каде да се патува во 2024 година? Експертите имаат совети кои вредат злато - тие спасуваат од гужви и хаос и овозможуваат начин да ги видите иконските туристички дестинации во 2024 година со помалку стрес, а можеби и за помалку пари.

По неколку години пад предизвикан од пандемијата, туристичкиот сектор не само што се врати, туку и позитивно цвета. Според Светскиот совет за патувања и туризам, се очекува индустријата да донесе околу 9,5 милијарди долари во 2023 година, или 95% од нивото пред пандемијата. Никаде ова зголемување не е поочигледно како во популарните туристички дестинации ширум светот, од кои многумина доживеаја рекорден број посетители во текот на минатата 2023 година.

Се разбира, скоковите во туристичкиот сектор се одлични за рестораните и локалната економија, но тие имаат и значителни недостатоци: зголемена бучава, загадување, сообраќај и оптоварување на јавните ресурси, полош квалитет на живот за локалните жители и непријатно искуство за туристите. Не е изненадувачки што многу туристички магнети ширум светот, вклучително и неколку европски жешки точки за патниците, создадоа иницијативи и ограничувања за борба против прекумерниот туризам. Тие вклучуваат нови или зголемени туристички такси, кампањи насочени кон обесхрабрување на проблематичните посетители и ограничувања за присуство на популарните атракции.

Гледајќи ја ведрата страна, се чини дека повеќето патници се свесни за ризиците од прекумерниот туризам - и како тие можат да помогнат во ублажувањето на проблемот. Во истражувањето од 2022 година на страницата за резервации за патувања Booking, 64% од испитаниците рекле дека би биле подготвени да се држат настрана од преполните туристички локации за да избегнат зголемени гужви. А 31% рекле дека дури би биле подготвени да изберат алтернатива на нивната претпочитана дестинација за да избегнат пренатрупаност.

Ако планирате патување во 2024 година, внимавајте на овие совети. Овие дестинации се најдоа на насловните страници во 2023 година поради нивниот проблем со прекумерниот туризам.

Амстердам

Гужвата и хаосот го одбележаа патувањето во Амстердам во текот на 2023 година, а градот дури покрена иницијатива да ги одврати проблематичните туристи. Кампањата наменета за младите Британци буквално ги повика да се држат настрана од Амстердам ако патуваат да дивеат.

Доколку сакате да патувате во Амстердам годинава, знајте дека ќе платите највисока туристичка такса во цела Европа. Во септември беше објавено дека патниците од крстарењата ќе плаќаат 11 евра за дневна карта, наместо досегашните 8, додека данокот за престој во градот во рамките на цената на хотелската соба скокна за 12,5% по ноќевање.

Но, дури и со тие иницијативи, се предвидува дека Амстердам ќе биде домаќин на 23 милиони гости за ноќевање во 2024 година, како и 24 до 25 милиони гости кои ќе дојдан на дневно шетање без да преноќат. Доколку планирате патување во Амстердам, знајте дека во месеците јануари, февруари и март има најмалку гужва, но очекувајте дожд, ветер и студено време.

Атина

Топлотниот бран не ги спречи ордите туристи да ја посетат грчката престолнина минатата 2023 година. Акропол, една од главните знаменитости на Атина, минатата година го посетувале по 20.000 луѓе дневно.

Патувањето во Атина во 2024 година ќе биде помалку преполно ако одите во април или мај, а септември и октомври се исто така добар избор.

Барселона

Градот кој меѓу првите во Европа ги ограничи новите хотели во центарот и краткорочното изнајмување соби, во октомври беше затворен еден од терминалите за бродови со туристи, а од 1 април годинава патниците ќе плаќаат повисока сума за престој во градот. До тој датум беше 2,75 евра, а сега се искачува на 3,25 евра.

Доколку сакате да патувате во Барселона во 2024 година, знајте дека сезоната е во јули и август, а подобро е да целите некој друг месец. Единствен исклучок е неделата околу католички Велигден, кога цените се значително повисоки.

Париз

Градот на светлината ќе биде домаќин на Олимписките игри оваа 2024 година, а знаменитостите како Ајфеловата кула се очекува да бидат преплавени со туристи. Пред минатата година, Лувр го ограничи бројот на посетители на 30.000 дневно, а во јуни лани министерката за туризам, Оливиа Грегоар, најави дека ќе има повеќе иницијативи кои ќе ја ограничат гужвата и ќе помогнат во проблемите со туризмот.

Патувањето во Париз во 2024 година дефинитивно не вреди ако сакате да одите во јули и август. Олимпијадата ќе привлече огромен број гости, па патувањето во Париз се препорачува само за време на вонсезоната - до март, а потоа од ноември, не сметајќи го периодот пред Нова година кога цените се повисоки.

Венеција

Подивени туристи, мостови и плоштади кои едвај ги сместуваат и флуоресцентна зелена вода во каналите, се само дел од проблемите што ги имаше Венеција во 2023 година.

Пред неколку години беше објавено дека Венеција ќе наплатува влезници од дневните посетители, но оваа мерка ќе стапи на сила дури на 1 април 2024 година.

Дневните посетители, во превод оние кои не платиле за ноќевање, ќе плаќаат 5 евра за посети од 8:30 наутро до 4 попладне, во 29-те дена од годината кога се предвидуваат најголемите гужви. Патувањето во Венеција е пријатно, без гужви, ако одите во вон сезона. Единствен исклучок е карневалот (годинава е од 3 до 13 февруари), кога се очекува наплив на туристи.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе