Каде да тргувате со биткоини?

Во текот на изминатите неколку месеци криптовалутите, а посебно биткоин, станаа многу познати и сѐ повеќе луѓе влегуваат во овој бизнис, кој се покажа како многу профитабилен за оние кои знаат да тргуваат правилно. Она што многумина не го знаат е како да почнат со тргување со криптовалути, и каде да го направат тоа.

Најпознатата досегашна солуција за прашањето: „Од каде да почнам?“ е Coinbase, онаму каде што почна поголемиот дел од „трговците“ со криптовалути во Македонија. Но, тоа не е единствената опција, па можеби е подобро да пробате некоја од алтернативите кои се многу побезбедна опција од Coinbase.

Сите веб-страници работат на истиот принцип, и преку нив можете да купувате, продавате и складирате биткоини.

 

Kraken

Kraken беше основана во 2011 година, а ги поддржува сите поголеми криптовалути: Bitcoin, Ether, Monero, Litecoin, Zcash и слично. Покрај нив, оваа страна има поддршка и за стандардните светски валути како што се доларот, фунтата, јенот и еврото.

Иако може да се покаже како сложена за почетниците, Kraken нуди голем број опции за тргување со криптовалути. Таа засега има развиено само апликација за iOS, но и таа е многу ограничена. Негативната страна е што Kraken наплаќа доколку сакате да ги извадите токените од сметката, но сумата е минимална.

 

Bitstamp

Кога се работи за дневниот обрт и бројот на трансакции на дневно ниво, Bitstamp се наоѓа при самиот врв. Страницата е основана во Словенија, а поддржува Bitcoin, Ether, Litecoin, Ripple, Bitcoin Cash, како и долар и евро.

За разлика од Kraken, Bitstamp има прилично добра и функционална апликација за iOS и Android, преку која можете да купувате, продавате и складирате токени на вашата сметка.

 

Binance

Binance е прилично нова мрежа преку која можете да тргувате со криптовалути, но затоа нуди огромен, најголем избор на криптовалути во кои можете да инвестирате. Малку потешко оди регистрацијата за мрежата, но сето тоа се исплати бидејќи Binance бара многу помали суми за вадење на токените од вашата сметка.

Binance е базирана во Кина и има апликација за iOS и Android.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе