Каде луѓето најчесто се инфицираат со коронавирусот?

Во Германија расте нервозата и гневот: угостителите стравуваат за својата егзистенција, организаторите на концерти и слични настани протестираат симболично носејќи ги своите ковчези до гробот, уметниците и културните работници се затечени, во спортот се зборува за „катастрофа“, а германските претприемачи предупредуваат на „смртоносен удар“ за десетици илјади мали и средни фирми.

Според истражувањето на германскиот неделник Der Spiegel, повеќе од 62 проценти од Германците сметаат дека рестриктивните мерки се потребни. Но, во исто време, многумина не се согласуваат со конкретните мерки. Ова е доста поврзано со делумно контрадикторните изјави и информации за местата на инфекција во последните неколку недели, пишува Deutsche Welle.

Каде најчесто се заразуваат луѓето?

До повеќето од сегашните случаи на зараза со коронавирусот во Германија дошло во рамките на приватни собири. Според институтот Роберт Кох (RKI) (заклучно со 27 октомври), приватните домаќинства се најчестите места на инфекција. Исто така, голема и моментално растечка област на инфекции сочинуваат домовите за стари лица, а потоа и работните места. Стапката на инфекција е многу помала во области поврзани со поминување на слободното време и за рекреација, а токму тие сега се офатени во рестриктивните мерки.

Бројот на инфекции во здравствените установи, како што се болници, амбуланти или лекарски ординации, е релативно мал, но оваа бројка значително се зголемува во последно време. Слично е со училиштата, градинките или домовите за бегалци. Рестораните, хотелите и пансионите имаат многу мал удел на инфекции во Германија, а најтешко се погодени од новите мерки.

Ризикот од инфекција во јавниот превоз се чини дека е уште помал. Но, тоа може да се должи и на остриот пад на бројот на патници во автобусите и возовите. Голем дел од инфекциите се јавуваат на места што RKI не ги дефинира подетално и ги сумира под категорија „друго“.

Дали местата на инфекција се исти како и во првиот бран на короната?

Не, постојат значителни разлики: среде првиот бран на пандемијата на COVID-19 во Германија, домовите за стари лица и за нега на стари и немоќни лица беа поголем извор на инфекција од приватните домаќинства. И медицинскиот сектор - особено болниците - и домовите за бегалци биле многу почести места на инфекција отколку што е случај сега.

Училиштата и градинките не играа никаква улога во пандемијата во текот на пролетта. Ова е исто така логично бидејќи, за разлика од сегашниот „лесен локдаун“, тие тогаш беа затворени. Работното место одигра подредена улога тогаш и сега таму се регистрираат значително повеќе случаи. Остриот пораст на инфекциите на работното место во јуни во најголем дел се должи на избувнувањето на епидемија во кланиците и погоните со сезонски работници.

Начинот на инфекција во Германија е променет во споредба со првиот бран на пандемијата. Ова делумно може да се објасни со преземените мерки, но сите фактори што влијаеле на ова ќе можат да се идентификуваат само кога ќе има повеќе податоци за сегашното зголемување на бројот на инфекции во Германија.

Училиштата и градинките остануваат отворени. Дали е тоа оправдано?

Владите на Германија и Франција одлучија да ги држат училиштата и градинките отворени, и покрај големите ограничувања во јавниот живот. Ова, меѓу другото, е оправдано со посебната важност на образованието за општеството.

Ако се погледнат само чисти бројки, одлуката изгледа разумна. Дури и ако училиштата и градинките играат улога во процесот на инфекција, таа е релативно мала. Според RKI, само во неколку случаи се пријавени епидемии во едукативни институции.

Слично е и во другите земји: во Ирска, училиштата се одговорни за избивање на коронавирусот во нешто помалку од 7 проценти од случаите, а во Шпанија е 6 проценти. Ова делумно се должи на фактот дека младите луѓе се помалку погодени од вирусот отколку постарите луѓе: процентот на луѓе на возраст под 18 години меѓу заразените во Европа во август беше помал од пет проценти.

Колку се релевантни овие податоци?

За жал, податоците на RKI во моментов се прилично нецелосни. Статистиката од берлинскиот институт бележи само документирани случаи со две или повеќе меѓусебно поврзани инфекции. И од RKI признаваат: „Само околу една четвртина од вкупно пријавените случаи на COVID-19 спаѓаат во оваа категорија“.

На прашањето на Deutsche Welle за преостанатите 75 проценти од инфекциите со коронавирус во Германија, RKI признава: „Ние навистина немаме повеќе податоци“. Ниту, Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) не беше во можност да обезбеди никакви податоци за местата на инфекција по барање на Deutsche Welle.

Ова значи дека три четвртини од инфекциите во Германија не се документирани во однос на местото на избувнувањето. Од една страна, ова се должи на комплексноста на сигурно утврдување каде се појавила инфекцијата, бидејќи некои луѓе остануваат асимптоматски неколку дена пред да се појават. Потрагата по изворот тогаш е скоро невозможна.

Од друга страна, недостатокот на веродостојни и целосни информации го отежнува да се одговори прецизно на пандемијата - и не само во Германија.

Но, податоците од другите земји покажуваат слични трендови со оние што досега ги забележа Институтот Роберт Кох. Студиите во Јужна Кореја исто така гледаат на приватните домаќинства како на центар на процесот на инфекција, каде што „едно лице има шестпати поголема веројатност да биде заразено со SARS CoV-2 отколку од другите блиски контакти“. И една кинеска студија проценува дека учеството на приватните домаќинства во ширењето на инфекцијата изнесува 69 проценти.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе