Каде се игра фудбал викендов?

Фудбал викендов ќе се игра во некои земји, а од поинтересните првенства активни се Русија, Турција, Мексико, Австралија, Бразил и Украина.

Пандемијата со корона вирусот направи локдаун во поголемиот дел од фудбалските лиги ширум светот. Додека Примера, Премиер и Бундеслигата се прекинати, а Серија А освен што е во прекин туку и има заразени фудбалери, некои првенства ѝ пркосат на пандемијата.

Фудбал со публика се игра во Русија

Руската најдобра лига, како и тие под неа, викендов се активни. Денеска Спартак му гостува на Оренбург, шампионот Зенит го пречекува Урал, а најинтересно се очекува да биде на дуелот помеѓу Ростов и Локомотив кој се игра утре. Сите натпревари се играат со публика.

Истанбулското дерби пред празни трибини

Фудбалот не запира ни во Турција. Викондов ќе се тркала топката, но сите натпревари ќе се играат пред празни трибини. Во турската Супер Лиг најинтересно ќе биде в недела кога Галатасарај и Бешикташ ќе ги одмерат силите во дербито број 244 (во сите официјални натпреварувања).

Малку фудбал ширум Европа

Освен Русија и Турција, на европскиот континент фудбал ќе има само уште во Унгарија, Србија, Украина, Белорусија и Казахстан. Унгарците играат натпревари од националниот куп и тоа сите без присуство на публика. Во Србија се игра редовно лигашно коло, но истотака зад затворени врати. Затоа пак во Украина сезоната се одвива најнормално, со публика. 

Ширум светот

Во останатиот дел од светот топката ќе се тркала претежно во Јужна Америка и Африка. Аргентина, Бразил, Боливија, Еквадор и Чиле ќе играат фудбал. Во Аргентина најдобрата лига веќе заврши, но останатите се уште во тек, а викендов почнува и Лига купот. Во Бразил се играат регионалните првенства.

Во Северна Америка активни се Мексиканците, а се игра и во некои карипски и средноамерикански земји.

Во африка поголемиот дел од активните лиги продолжувата со играње. Од поинтересните првенства тоа се Алжир, Ангола, Јужна Африка и Мароко.

Азија, континентот од каде се рашири корона вирусот, има неколку активни првенства. Фудбал се игра во Индија, Индонезија, ОАЕ, Виетнам, Узбекистан и она најквалитетното, во Австралија.

Нема прекин и во Океанија, поточно во најдобрата лига на Нов Зеланд.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе