Кафето 30 минути по будењето е најздраво за метаболизмот

Кајгана/МИА
/ 30.09.2021 / 12:28

Нутриционисти од САД го одредија најсоодветното време за пиење кафе, со што тоа би било што покорисно. Нивните препораки се објавени на интернет-страницата She Finds.

Започнувањето на денот со шолја кафе несомнено е едно од вообичаените задоволства во животот. Кофеинот не само што помага да се добие потребната енергија наутро, туку може да помогне и во губење тежина, односно подобрување на метаболизмот и полесно согорување на маснотиите. Иако урамнотежената исхрана и вежбањето остануваат главен фактор за здраво слабеење, утринското кафе е соодветен следен чекор кон оваа цел.

Стручњаците особено препорачуваат црно кафе без шеќер. Калориите мора да се внесат заедно со корисните елементи во храната, а слаткото кафе носи празни калории.

Нутриционистката Кристина Таул препорачува кафето да се пие на празен стомак, 30 минути откако ќе испиете чаша лимонада. Овој сок хидрира доволно и обезбедува алкалност во телото.

Пиењето кафе 30 минути по будењето може да биде една од најсоодветните работи за телото во целина. Тоа го потиснува апетитот и на тој начин не се брза со гладот и храната наутро.

– Пиењето кафе на празен стомак или со првиот оброк во денот, може да спречи прејадување и да доведе до губење тежина, потврдува д-р Лиза Ричардс.

Според стручните  лица, кафето може привремено да го претвори телото во „машина за согорување маснотии“ и тоа е доста корисно за слабеење. Но, брзиот метаболизам благодарение на утринското кафе, нема траен ефект, па затоа е важно и појадокот да биде богат со хранливи материи, т.е. полн јаглехидрати, протеини и здрави масти.  

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе