Како апокалипсите му го поплочија патот на човештвото?
Сите мислат дека масовните изумирања се лоша работа. Иако со нив се елиминирал животот каков што бил на планетата Земја, тоа сепак помогнало да се создадат нови видови.
Со проучување на фосилите од петте најголеми апокалипси досега, можеме да дознаеме како животот на Земјата успевал да „се крене на нозе“, што тие значеле за појавувањето и опстојувањето на луѓето и што би можеле да значат за луѓето во случај на масовно истребување на видовите во иднина.