Како астронаутите на НАСА ги тестираат новите одела?
Во изминатите неколку дена американските астронаути ги тестираат новите одела кои НАСА планира да ги користи во текот на мисијата Artemis. Опремата и понатаму е во развој, а тестирањата се изведуваат во специјалниот базен на Вселенскиот центар Џонсон во Хјустон. Тој е дизајниран да ја симулира слабата гравитација на Месечината.
Неговото дно е уредено така што ја реплицира површината на Месечината, а астронаутите во контролирани услови ги изведуваат сите планирани дејствија (собирање примероци и слично), пишува Futurism.