Kако да го намалите процентот на масти во телото?

Доколку посакувате витка фигура и сакате ова да го решите еднаш засекогаш, време е да се фокусирате на намалување на процентот на телесните масти во корист на мускулите.

На нашето тело му се потребни и масни клетки да ги штитат органите, зглобовите и да учествуваат во синтезата на хормоните, а губењето на премногу масти може да биде опасно бидејќи го загрозува имунитетот и непречејното функционирање на организмот.

Просечната жена има помеѓу 21 и 33 проценти удел на масти, но и ова варира. Кај жените кои професионално се занимаваат со спорт, процентите се движат помеѓу 14 и 20.

Доколку сакате да го намалите уделот на телесни масти, треба да имате на ум дека не постои еден конкретен вид на тренинг кој им одговара на сите. Сè зависи од тоа каков тип на градба имате. Да речеме дека генерално не сте дебели, но соодносот на масти и мускулна маса не е добар, одлични резултати ќе даде тренингот за сила. Но, доколку имате вишок на килограми, а имате добар удел на мускулна маса, на почеток ќе напредувате побрзо доколку се посветите на кондициони тренинзи.

Доколку никогаш не сте вежбале редовно, за почеток ќе биде доволно два до три тренинзи неделно, но доколку сте во форма, а сакате да го намалите процентот на масти, ќе мора повеќе да се потрудите - најмалку пет пати неделно.

Освен за вежбањето, треба да водите сметка и за исхраната. Чисти протеини, добри здрави масти и зеленчук. Избегнувајте преработена храна, шеќер и алкохол.

Доколку се држите до премногу рестриктивна диета, освен мастите, ќе ги изгубите и мускулите.

Доколку размислувате да ги исфрлите јаглехидратите, тоа може да биде добро, но и лошо, во зависност од типот на градба и чувствителноста на организмот на инсулин. На некои луѓе им се наопходни за да бидат витки, додека други се повитки доколку не консумираат јаглехидрати.

Мастите не ги исфрлајте целосно, туку држете се до здрави масти - јаткасти плодови, авокади, маслиново масло, риба…

Кога можете да очекувате резултати? Па, доколку вежбате редовно и се држите до здрава исхрана, можете да се надевате дека неделно ќе губите по околу 0,8% телесни масти.

Но, пред да одлучите да направите драстични промени во исхраната и животниот стил, посоветувајте се со лекар.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фит

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Read more

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе