Како да му раскинете на дечкото, а да не му го скршите срцето?

Раскинувањето е лошо искуство за двете страни, а каква ќе биде разделбата најчесто зависи најмногу од личноста која решила да стави крај на врската.

Ако планирате да го оставите момчето направете го тоа во мирољубива разделба, без да му го скршите срцето. Постојат неколку чекори што може да ги преземете пред и по раскинувањето кои можеби ќе ви помогнат во тоа.

Дадете му јасно до знаење што сакате

Луѓето обично сакаат да ја раскинат врската со некој со кого не делат исти цели, вредности, потреби и желби. Затоа, пред самиот крај направете листа за сите работи со кои не се согласувате за да му биде појасно и поконкретно да ги знае причините поради кои го оставате. Направете и една листа за себе на која ќе ги наведете вашите планови и цели за иднината и визуализирајте ги за полесно да ги остварите.

Мислете на негативните моменти

Тешко е да прекинете со некој ако само сте фокусирани на среќните заеднички моменти. Ако се обидувате да се охрабрите  за раскинување концентрирајте се на негативните моменти во вашата врска и обидете се да се сетите како сте се чувствувале тогаш. Така полесно ќе се решите на разделба и ќе спречите убавите спомени да ве натераат да му дадете уште една шанса.

Бидете љубезни, но и строги

Секое раскинување е тешко и тоа не само за личноста која е оставена, туку и за таа која остава некого. Затоа е важно, кога ќе го прекинете односот со момчето, да се обидете да бидете што пољубезни и внимателни. Притоа е важно да поставите строги граници за тој да не ги протолкува вашите намери погрешно, а вие да заглавите со некого кого не го сакате.

Размислете што заслужува

Само вие знаете какво однесување заслужува мажот кој го оставате. Дали сакате да раскинете во текот на вечера во ресторан или да му испратите порака зависи само од вас, односно од причините поради кои го оставате. Можеби во вашиот случај и заслужува да му го скршите срцето, но и во таква ситуација може да одберете да бидете подобра личност од него и да ги примените претходните совети.

Гледајте во иднината

Сетете се на сите позитивни работи што доаѓаат со слободниот живот и со позитивни мисли истерајте ги сите негативни што со себе ги носи раскинувањето. Сега само вие сте важни и слободно може да бидете малку себични.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе