Како да направите и спакувате 5 ручеци во еден ден?
Подгответе брзи и вкусни ручеци за секој ден од работната недела. Тимот на Tasty предлага пет рецепти по кои може да подготвите ручек што потоа може да го чувате спакуван во фрижидер и само да го подгреете кога ќе дојде време за ручек.
Овие рецепти се идеални ако немате време да готвите секој ден, а може да ги понесете и со себе на работа за вкусен домашен оброк наместо да купувате брза храна или да јадете во ресторани, што дополнително се одразува на вашиот буџет.