Живот

Како да останете смирени во жестока расправија?

17. јули 2017 - 12:42 | Л.Е.

Постојаниот стрес и конфликти се штетни за здравјето, но дури и најсмирените и опуштени луѓе се нашле предизвикани од сопствената емоционална интелигенција. Во поголемиот дел од конфликтите луѓето губат контрола над кажаното и работите мошне брзо ескалираат во негативен контекст.

Единствениот начин да избегнете расправија е да ја „зауздате“ емотивната интелигенција и да се издигнете над проблемот пред несвесно и автоматски да му „скокнете во врат“ на оној кој не го дели вашето мислење.

Во жестока расправија е неопходно да земете длабоко воздух и пополека да издижете. Хемискиот процес зад оваа пракса ќе го прекине создаваето на адреналин и кортизол, а вие брзо ќе си дојдете при себе и ќе ја „смирите топката“.

Активно слушајте ги аргументите на противникот и не се задржувајте на одредена фраза надвр од кажаниот контекст. Ниту една жестока расправија нема да се стиши ако учесниците активно не ги слушаат аргументите на спротивнат страна.

Со цел да избегнете уште поголем конфликт поставувајте еднонасочни прашања кои нема да понудат кратки одговори. Не го започнувајте прашањето со „Дали?“ за да не добиете одговор „да или не“. На овој начин покажувате почит кон соговорникот и избегнувате рафални напади со кратки прашања кои го зголемуваат стресот и тензијата во една расправија.

Ако сакате да влошите некоја расправија најлесно е да го повишите тонот па, затоа, останете неутрални и смирете ги страстите на соговорникот со тоа што нема да оговорите со иста мера туку ќе ја доведете расправијата на понизок и посмирен тон.

Не секоја расправија завршува со согласување затоа научете да прифатите дека конфликтот може да завши со тоа што ќе прифатите дека некој поинаку размислува од вас, а кога ќе се налутите, а ќе се налутите, изберете смирено и без агресија да ги искажете вашите чувства.

Коментирај