Како да се остане позитивен кога ноќта трае подолго?

Со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, од 3 на 2 часот, во неделата рано утрото заврши летното сметање на времето и започна зимското. Поместувањето на часовникот може да има негативно влијание врз здравјето на населението, а можете да останете позитивни со користење на одредени навики.

Летното сметање на времето е создадено за да им даде на луѓето дополнителен час дневна светлина, но реалноста е дека како што се приближува зимата и ноќта паѓа порано, многу луѓе го започнуваат и завршуваат работниот ден во темница, со мала можност да поминуваат време на сончева светлина.

Токму овој вид на промена може да направи некои луѓе да се чувствуваат депресивно. Експертите објаснуваат дека сезонското афективно пореметување (САД) е вид на депресија што доаѓа и заминува со промената на годишните времиња.

Во првите неколку дена бидете повнимателни од вообичаено и преземете превентивни мерки. Во деновите по поместувањето на часовникот, треба да избегнувате работи кои ве прават непријатност и нервоза. Бавното темпо многу ќе ви помогне да се прилагодите.

За среќа, добрата вест е дека постојат работи што можете да ги направите за да останете позитивни во текот на зимските месеци.

Еден од првите совети е да излегувате надвор секој ден, барем на неколку минути. Многу луѓе, особено оние што работат од дома, се чувствуваат врзани со синџири за нивните столчиња. Сепак, само неколку минути менување на сценариото може да значат целосна промена на расположението. Подолгата прошетка во природа во деновите од викендот исто така може да биде многу корисна.

Менувањето на часовникот може да влијае на деноноќниот ритам на телото, кој го регулира сонот, а недоволното спиење значително влијае на расположението, што го отежнува концентрирањето и продуктивноста. За да го подобрите сонот, психолозите пред сè препорачуваат да избегнувате стимуланси како кафе, алкохол и мобилни телефони пред да заспиете.

Најдобро е да ја намалите количината на кафе и цигари и да го збогатите менито со свежо овошје и зеленчук. Лесната храна богата со витамини и минерали ќе го разбуди телото и ќе му ја врати енергијата и природната рамнотежа.

Знајте дека на возрасен човек му треба меѓу 7 и 8 часа сон во текот на ноќта, затоа обидете се да го одредите најдоброто време за спиење, во зависност од тоа кога треба да станете наутро. Квалитетот на спиењето е подеднакво важен. Пред спиење, исклучете ја целата електроника во спалната соба што може да го наруши сонот и проверете дали просторијата е проветрена и затемнета за да можете полесно да заспиете и да се разбудите наутро одморени и подготвени да го започнете денот.

Исто така, докажано е дека медитацијата им помага на луѓето да се релаксираат и да им пристапат на животните предизвици со попозитивен начин на размислување. Редовната медитација може да им помогне на некои луѓе подобро да се справат со своите грижи и анксиозност.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе