Како да станете шпион на ЦИА – упатство на руски јазик

ЦИА објави упатства на руски јазик со чија помош некој може тајно да се поврзе со разузнавачката агенција на САД со цел размена на информации, пишува Washington Post.

Како што соопштија неименувани извор за тој весник, ЦИА на социјалните мрежи објави детални упатства на руски јазик за тоа како некој информант може да обезбеди пренос на податоци, без да биде откриен.

Централната разузнавачка агенција советува да се користи интернет пребарувачот TOR кој овозможува анонимно сурфање на интернет, како и виртуелни приватни мрежи или VPN. ЦИА советува во тие цели да не се користи приватен компјутер или компјутер од работното место.

„Сакавме да осигураме безбеден начин за воспоставување комуникација“, изјави анонимен американски разузнувач кој тврди дека Русите се обидуваат да ја контактираат ЦИА, пренесе Wasington Post.

Според упатството, шпионите треба да го наведат нивното целосно име, земјата од која пишуваат, официјалната должност, како и да прецизираат „каков пристап имаат до информации од интерес“ за американската разузнавачка служба.

Според зборовите на поранешни разузнавачи, сите тие информации внимателно се анализираат и проверуваат.

Со ваквиот „нов пристап“, ЦИА се надева дека ќе добие поголем пристап до официјално доверливи информации за Русија, пишува весникот.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Живот

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Read more

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе