Како да запрете икање кај бебињата

Има неколку начини да се запре или спречи икање кај новороденчињата.

Некои од начините се да се прават паузи за време на хранењето за да може бебето да подждригне, а и користењето цуцла исто така може да помогне. Важно е да се запамети дека повеќето бебиња икаат во првата година од животот, што обично не треба да предизвикува загриженост.

Икање се јавува кога дијафрагмата на детето се затегнува. Ова го турка воздухот низ затворените гласни жици, создавајќи звук на икање.

Ќе разјасниме прво што предизвикува икање и кои се најдобрите начини да се запре и спречи овој феномен. Има и случаи кога е добро да се посети лекар.

Како да се запре икањето кај новороденчиња

Икањето обично не им штети на бебињата, па иако возрасните може да се чувствуваат непријатно при икање, тоа не им предизвикува голема непријатност на бебињата. Обично е во ред да го оставите бебето самостојно да престане со икање. Ако не запре по некое време, добро е да разговарате со вашиот лекар.

Ако сте загрижени, следниве стратегии може да бидат корисни:

Пауза за поджригнување

Кога стомакот ќе се наполни со воздух, може да ја притисне дијафрагмата, предизвикувајќи грчеви. Правењето пауза од хранење за да се подждригне бебето може да ја намали количината на воздух во стомакот. Ова може да спречи икање.

Според Американската академија за педијатрија, добро е да се запре хранењето откако бебето ќе испие 30 до 60 милилитри млеко за да подждригне, па продолжете со хранење. Ако доите, добро е да ги правите овие паузи додека го преместувате од една дојка на друга.

Користење цуцла

Цицањето цуцла може да помогне да се релаксира дијафрагмата и да се запре икањето.

Триење на грбот

Триењето на грбот и лулањето на бебето напред и назад може да му помогне да се релаксира. Ова може да ги запре грчевите што предизвикуваат икање.

Превенција

Икањето често не може да се спречи, а следниве стратегии можат да ви помогнат:

  • Хранете го бебето пред да стане многу гладно, за да биде мирно
  • често хранење на бебето во мали количини
  • држете го бебето исправено половина час по секое хранење
  • прилагодете го шишето така што нема да поминува воздух низ цуцлата
  • внимавајте бебето целосно да ја има опфатено цуцлата со усните
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко месо?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе