Како да заработите ова лето?

Постојат илјадници начини на кои би можеле да заработите ова лето, а дополнителниот приход е секогаш добредојден, особено за време на летните одмори кога секој еден од нас има потреба од дополнителни средства за најразлични потреби.

Но, (дополнителната) заработувачка за време на летото не мора да значи тежок и комплициран процес, туку напротив, во модерното време имате и опција да ги искористите предностите на онлајн продажбата додека уживате во комфорот на вашиот дом!


Продадете ги оние работи кои веќе не ги користите, онлајн

Пред да ви дадеме идеја, кои се сите тие работи од кои можете да заработите ова лето, би сакале да укажеме на фактот зошто до заработувачка се доаѓа најлесно онлајн, и кои се предностите од онлајн продажбата.


Кои се предностите на онлајн продажбата?

Бенефитите од онлајн продажбата се многубројни, а тоа значи дека воопшто не мора да имате искуство како продавач за да можете да профитирате, бидејќи денеска, интернетот ги поврзува луѓето како никогаш порано, особено продавачите со купувачите!

Во Македонија постојат специјализирани сајтови кои би ви помогнале кон реализирање на вашите потреби, а како еден од нив се истакнува и Пазар3 кој што е најголемото онлајн место за купопродажба.

Имено, една од многуте предности на онлајн продавањето е фактот што можете да отворите онлајн продавница која што има 24-часовно работно време, односно, големиот број на потенцијални купувачи би можеле да ја следат вашата понуда, па дури и да ве контактираат во било кое време за да се финализира купопродажбата.

Втората предност од онлајн продажбата се и ниските оперативни трошоци кои се неспоредбено пониски, доколку за пример ги земеме трошоците за кирија.

Ова се одлични вести за секој продавач кој што сака да го максимизира својот профит, а воедно, и да ги сведете трошоците за кирија и опрема буквално на нула.

Покрај ова, на располагање ќе имате и дополнителни предности како што се рапиден раст на вашата интернет продавница во бренд, вмрежување со повеќе пазари во соседните земји како што се Србија, Црна Гора, Албанија, и Косово, а тоа сигурно ќе се одрази кон рапиден раст на вашиот бренд!

Како до брза онлајн заработувачка?

Откако веќе ги дознавте предностите на онлајн продажбата, она што следува е да дознаете и како всушност можете да ги почувствувате бенефитите од заработувачката која ја нуди онлајн продавањето.

Првиот чекор е да започнете со правење на „летна чистка” на плакари и фиоки.

Видете кои од вашите предмети можете да ги продадете преку интернет, како на пример: стар мобилен телефон или таблет, облека која не ја носите, видеоигри, неотворена шминка, добро сочувани чанти или чевли и слично.

Ова значително ќе ги растерети местата за складирање во вашиот дом, додека пак, од друга страна, Вие профитирате од нешто кое што не ви е воопшто потребно, така да, ситуацијата е win-win.

Потоа, она што следи е да пронајдете место во интернет просторот коешто ќе ви помогне да профитирате, а како што и самите веќе однапред знаете, најдоброто место за ова е Пазар 3.

На овој сајт, регистрирањето на оглас чини од 30 до 50 денари (во зависност од категоријата на огласуваниот производ/услуга), а за возврат, над 70.000 дневни посетители ќе имаат можност да погледнат што точно нудите вие.

Ова се одлични вести за сите вас кои продавате нешто онлајн, бидејќи цената за оглас е навистина ниска во споредба со она што го добивате за возврат, а тоа е сигурен контакт со многубројни потенцијални купувачи чија што потреба се токму оние производи или услуги кои вие ги нудите.


Тоа може да бидат играчки, облека, мобилни телефони, таблети, книги, учебници и лектири, алати, велосипеди, електроника, часовници, очила, мебел, и сè останато за кое што сметате дека би им било од корист на потенцијалните купувачи.


Понудете ги услугите кои ги нудите, онлајн

Нудите и услуги? Одлично! Огласете се и информирајте ги луѓето за вашите услуги, а благодарение на големата посетеност на Пазар3 како и големата побарувачка за многубројни услуги и производи, вие би можеле да профитирате навистина многу ова лето!

Услугите можат да бидат во доменот на занаетчиството, транспорт/превоз и ископ, подготвување на храна или кетеринг, книговодство, финансии, преводи на текстови, уредување на дворови, па сè до изработка на трудови, и приватни часови од секаков домен!


Совети за побрза продажба онлајн

Објавувањето на огласи на Пазар 3 е неверојатно лесен и едноставен процес, кој што бара од вас само еден клик на алатката за регистрирање на огласи.

Но, за да постигнете брза и загарантирана онлајн продажба, потребно е да внимавате на неколку работи, како што се:

Фотографија 

Секогаш стремете се кон тоа да прикачувате слики кои се со висок квалитет, бидејќи огласите кои што имаат кристално јасни и чисти фотографии драстично ќе ја зголемат атрактивноста на огласите.

Затоа, искористете ги вашите смарт телефони/апарати, или ангажирајте професионални фотографи кои би го направиле тоа за вас, а овој мал „труд” може да биде клучен за да постигнете брза и навремена онлајн продажба.

Опишете го производот/услугата во детали

Наведете што точно нудите, без разлика дали е тоа производ или услуга, а оваа практика ќе ви помогне кон тоа луѓето подобро да ја разберат вашата понуда изразена во порака.

Воедно, препорачливо е да се наведат и информации околу состојбата, цената, моделот и слични карактеристики доколку се работи за производ, или фиксна цена/плаќање по час, во случај да станува збор за услуга.

Наведете димензии доколку станува збор за мебел

Мебелот е специфичен сам по себе, бидејќи речиси секој купувач најмногу го интересираат димензиите, а подоцна цената.

Тоа е сосема нормално имајќи го предвид фактот што мебелот зазема одреден простор од собата, а како што знаеме, не сите живеалишта имаат ист распоред или квадратура.

Наведете ги недостатоците

Се разбира, ова се препорачува доколку навистина нудите производи или мебел којшто има некаков недостаток или физичко оштетување, а доколку сè е во ред со производот, тогаш наведете ги само основните карактеристики на истиот.

Главната причина поради која не треба да ги изоставите недостатоците при огласување е транспарентноста.

На долг рок, огромен број на купувачи ќе препознаат дека покрај одличната понуда која ја нудите дека сте и продавач на кој што може да му се верува, па така, секој иден оглас ќе значи и побрза продажба.

Се надеваме дека оваа статија ви помогна кон тоа да дознаете како би можеле да имате одлична заработувачка ова лето, а доколку вашиот одговор е потврден, тогаш Ве охрабруваме да започнете со реализирање на овие совети во пракса уште веднаш!

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе