Како Џена Ортега стана Wednesday?
Кога Џена Ортега добила e-mail од Тим Бартон да ја игра улогата на Венсдеј Адамс, мислела дека некој се шегува со неа, бидејќи секогаш ѝ кажувале дека личи на ликот.
Актерката зборуваше за целиот процес на аудиција и подготовки за улогата на легендарната Венсдеј Адамс во новата серија „Wednesday“на Netflix.
Од часовите по виолончело и мечување, до консултации со актерката Кристина Ричи која го прослави ликот, Џена зборуваше со Teen Vogue како „влегува и излегува“ од ликот.