Како ЕУ ќе се штити од поскапувањето на гасот по заканата на Путин?

Европската комисија (ЕК) предложи обврзувачко намалување на потрошувачката на електрична енергија во периодите на најголемо оптоварување, и пренасочување на дополнителните профити на енергетските компании кон најранливите граѓани и претприемачи поради огромниот пораст на цените на енергијата.

„Ќе предложиме обврзувачка цел за намалување на потрошувачката во време на најголемото оптоварување и тесно ќе соработуваме со земјите-членки за да го постигнеме тоа“, рече претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, презентирајќи ги предлозите за мерки за запирање на вртоглавото поскапување на енергенсите.

Мерките имаат за цел да им помогнат на најзагрозените граѓани и бизниси. „Што и да правиме, ќе мора да заштедиме, но да заштедиме на паметен начин“, додаде таа. Електричната енергија потрошена во периодите на најголемо оптоварување е најскапа и затоа е потребна стратегија за изедначување на потрошувачката во текот на денот“, додаде Фон дер Лејен.

Ограничување на приходите на компаниите

Друг предлог вклучува ограничување на приходите на компаниите кои произведуваат електрична енергија по ниски трошоци, како што се оние кои добиваат електрична енергија од обновливи извори, и пренасочување на дополнителниот профит кон ранливите групи граѓани и бизниси. Идејата е да се воведе ограничување на приходите за компаниите кои произведуваат електрична енергија од фосилни горива.

„Компаниите за нафта и гас исто така имаа огромни приходи, затоа предлагаме нивен заеднички придонес“, вели Фон дер Лејен.

Земјите-членки треба да ги инвестираат овие приходи во обновливи извори на енергија за да им помогнат на ранливите домаќинства.

Ограничување на цената на рускиот гас

Четвртата мерка предложена од ЕК е поддршка на енергетските компании за да можат да се справат со нестабилноста на пазарот.

Предложените мерки вклучуваат ограничување на цената на гасот што се увезува од Русија. „Целта е многу јасна, мораме да ги намалиме руските приходи што рускиот претседател Владимир Путин ги користи за финансирање на страшната војна против Украина“, рече Фон дер Лајен.

Европската Унија веќе драстично го намали увозот на руски гас. На почетокот на војната против Украина, ЕУ увезуваше 40 отсто гас од Русија, а денес е девет отсто. За предложените мерки ќе разговараат министрите на земјите-членки задолжени за енергетика, кои во петок ќе се соберат на вонреден состанок.

Путин: Ќе ја запреме испораката на нафта и гас доколку ни ги ограничат цените

Да потсетиме дека рускиот претседател Владимир Путин вчера се закани дека ќе го запре снабдувањето со енергија доколку се воведат ценовни ограничувања на рускиот гас и нафта, предупредувајќи го Западот дека тој ќе остане „замрзнат како опашката на волкот во познатата руска бајка“.

Говорејќи на економски форум во источниот град Владивосток, Путин рече дека европските повици за ограничување на цените на рускиот гас се „глупави“ и ќе доведат до повисоки цени на енергијата ширум светот и економски проблеми во Европа.

„Русија ќе се повлече од договорот за снабдување доколку Западот спроведе план за ограничување на цените“, рече Путин. „Дали ќе има политички одлуки спротивни на договорите? Да, нема да ги исполниме. Нема да извезуваме ништо ако тоа е спротивно на нашите интереси“, најави тој.

„Нема да извезуваме гас, нафта, јаглен, мазут - нема да испратиме ништо“, предупреди Путин, а потоа додаде: „Ќе ни остане само едно: како во познатата руска бајка, да го оставиме волкот да му замрзне опашката“.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе